„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Асоцијација за секундарни суровини и рециклатори

Асоцијацијата на секундарни суровини и рециклатори e форма на организирање во рамките на Стопанската комора на Македонија на стопански субјекти кои се вклучени во циркулацијата на секундарните суровини, односно кои вршат дејности на откупот, третманот, складирањето и транспоротот на секундарниот отпад, како и претставници на индустриските капацитети- рециклатори на секундарните суровини.

Асоцијацијата брои околу 50 членки, значајни репрезенти на дејностите сврзани со управувањето и користењето на секундарните отпадни суровини.

Основните правци на делување на Асоцијацијата се успешно управување со секундарниот отпад врз основа на квалитетна законска регулатива и подигање на нивотот на дејноста согласно нејзиното место во вкупните стопански движења. Значењето на секунданите суровини опфаќа неколку аспекти и тоа: потребата на индустриските капацитети чии развојни концепти се повеќе се базираат на користење на секундарни суровини, аспектот на зачувување на животната средина, и економскиот и социјалниот аспект.

На  седницата од 15.5.2014 година за претседалет на Асоцијацијата за секундарни суровини и рециклатори е избран Владо Момировски- Екоцентар 97-Скопје а за заменик претседател,  Павлина Варадинова од Петреп-Штип.

 

Асоцијацијата на седницата одржана на 22.05.2026 година, донесе Одлука за избор на членови на Управниот одбор, претседател и потпретседатели на Асоцијацијата за секундарни суровини и рециклатори

 

                За членови на Управниот одбор на Асоцијацијата за секундарни суровини и рециклатори, се избраа:

 
  1. Гоце Петроски, Алумелт ГП
  2. Бојан Димовски, Еко Селект
  3. Љупчо Џуклески, Отпад-Охрид
  4. Валентина Кашуба – Ивал Трејд
  5. Димитар Ристовски – Три Мил Р
  6. Кирил Ангелески – Еко-Циркон
  7. Ѓоко Цветановски – Еко Метал
  8. Амар Даути – Рецкосс-Транс
  9. Владо Момировски -  Екоцентар 97
  10. Дарко Ѓорѓиевски – Р-Коко
  11. Јане Даскалоски – Даскало
  12. Сашо Ангеловски – Таб Мак
  13. Макстил АД -
 

За претседател на Асоцијацијата за секундарни суровини и рециклатори се избира:

 Гоце Петроски, Алумелт ГП

 

За потпретседатели се избираат:

Кирил Ангелески – Еко-Циркон

Валентина Кашуба – Ивал Трејд

 

                

 

На 22.10.2012 година се одржа состанок со претставници од Општина Тетово, јавното Комунално претпријатие на општина Тетово и претставници од компанијата „Агропал Компани“ заради обезбедување на техничка поддршка за професионални собирачи на отпад и селектирање на местото на создавање на отпадот.  (Повеќе)

Презентација и деловни средби на австриски компании специјализирани за производство на технологии за заштита на животната средина - ПОВИК ДО АВСТРИСКИТЕ СТОПАНСТВЕНИЦИ ДА ИНВЕСТИРААТ ВО УПРАВУВАЊЕТО СО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
На 3.10.2012 година во Стопанската комора на Македонија се оджа презентација и деловни средби на австриски компании специјализирани за производство на технологии за заштита на животната средина. На средбата што ја организираа Стопанската комора на Македонија и Трговското одделение на Амбасадата на Австрија во Република Македонија и Регионалната комора на Корушка од Австрија, учествуваа реномирани aвстриски фирми од областа на екологијата и значаен број македонски компании, заинтересирани за соработка во областа на животната средина.  (Повеќе)

Барање појаснување во однос на дозволи за управување со секундарни отпадни суровини од страна на Асоцијацијата на секундарни суровини и рециклатори  (Повеќе)


Контакт лице: Влатко Стојановски
Експерт

-Здружение на комуналните дејности

-Здружението на информатичко-комуникациските технологии

 -Асоцијацијата на секундарни суровини и рециклатори

-Асоцијација за управување со посебни текови на отпад

 

Телефон: +389 (02) 3244004

Мобилен: +389 70 389 636

Е-адреса: vlatko@mchamber.mk