„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Често поставувани прашања

  • Дома
  • Често поставувани прашања

Често поставувани прашања

Начинот на кој можете да станете членка на Стопанската комора на Северна Македонија, а истовремено  и  регистриран корисник на веб-порталот е преку пополнувањето на пристапница дадена во прилог. (Пристапница).

Со уплаќање на коморски придонес, станувате член на Стопанската комора на Северна Македонија . Висината на чланарината е определена со акт на Собранието на Стопанската комора на Северна Македонија во прилог (Одлука). 

Со секоја Ваша испратена регистрација ќе бидете контактирани од вработените во Стопанската комора на Северна Македонија за дополнителни информации за користењето на коморските услуги, правата и бенефициите од членството.        

Ви благодариме за интересот и Вашата одлука да станете дел од семејството членки на најстарата и најбројна бизнис асоцијација во Република Северна Македонија -  Стопанската Комора на Северна Македонија, со надеж дека ќе ги исполниме Вашите барања.

1.      Вмрежување со македонски но и компании од целиот свет

Имате можност да станете дел од да станете дел од семејството членки на најстарата и најбројна бизнис асоцијација во Република Северна Македонија -  Стопанската Комора на Северна Македонија, да станете дел од здружение кое ги обединува сродните компании од вашата индустрија и заедно со Стручната служба на Комората да ги застапувате интересите на „еснафот“.

Лесно да стапите во контакт со компании од земјата и светот кои можат да го унапредат Вашето работење.

Заедно сме посилни!

2.      Стекнување со фини вештини

Можност за професионални таргетирани обуки за вработените во вашата компанија за измени во законска регулатива, сметководство, работни односи, платен промет, енергетика, заштита на лични податци, компјутерски вештини и сл.

3.      Информирање на членките

Бидете во тек со сите настани од економскиот живот во земјата со нашите информативни сервиси што ги нудиме на нашите членки

4.      Учество и организирање на настани

Имате можност да бидете во тек со сите настани кои се однесуваат на бизнисот, на вашата индустрија, како и посета на саеми, меѓународни конференции.

Имате можност и Вашите настани да ги организирате во просториите на Комората. 

Во СКСМ функционираат 15 Здруженија, 12 Асоцијации 38 Групации. Истите се подржани и локално, со мрежа на регионални комори, кои функционираат во поголемите