„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Групација за производство на цигари

Групација за производство на цигари

Групација за производство на цигари ги опфаќа стопанските субјекти кои се бават со производството на преработките од тутун во РМ.

Во Групација за производство на цигари при Комората членуваат околу 17 стопански субјекти, значајни репрезенти на оваа индустрија.

Основни задачи и активности на Групацијата се:

- Да ја подржува и координира активноста на членките во оства-рувањето на наведените цели и во реализацијата на заедничките интереси, во сите активности каде колективното преставување е посоодветно.
- Да ги штити интересите на членките пред државните институции.
- Да ги координира интересите на членките, нивните добавувачи и клиенти во сите активности каде колективното преставување е полесно.
- Да подготовува објективни анализи и прогнози во врска со очекуваното производство на тутунски производи, увоз и извоз на цигари
- Да дава корисни информации за новите методи, технологии за производство и стандарди при производството на тутунските производи
- Активно да учествуваат во дебати за екологија и здравјето а кои се однесуваат на тутунската индустрија.
- Активно учество при изготвување на правилници и закони и други акти во соработка со ресорните министерства и владата кои се однесуваат на оваа индустрија

Претседател на Групацијата е Г-дин Кире Величковски, Империјал Тобако-Скопје.


ПОДАТОЦИ ЗА ДЕЈНОСТА

Состојби во тутунската индустрија

Согласно статистичките податоци, во 2018 година забалежани се мали осцилации во индустриското производство кај овој сектори. Споредено со истиот период изминатата, 2017 година, тутунската индустрија бележи намалување од 4%.

Во примарното производство (насуров тутун во лист) постои позитивен тренд како резултат на поволните откупни цени и субвенцијата од 1 еур/кг Што резултира си зголемување на бројот на вработени во примарното производство за 1% во однос на претходната година односно 7% во однос на 2016 година.

Падот во тутунската индустрија е забележан кај тутунските производи и истиот се должи на стапување во сила на Законот за графички предупредувања по здравје на цигарите. Министерството за здравство кое беше носител на оваа активност доцнеше со донесувањето на Правилникот и практично дојде до пробивање на законски предвидениот рок од една година за прилагодување на фирмите.

Регулативата беше донесена пред нова година. Фирмите од тутунската индустрија преку Стопанската комора на Македонија во контактите со Владата на РМ издејствуваа пролонгирање на примената на оваа регулатива од 3 месеци (отпочна од 24.04.2010) со грејс период од уште три месеци за чистење на залихите (24.07.2010), Сето ова резултираше со намалено производство на тутунски производи и ваквата тенденција се очекува да продолжи до јули до кога е предвидено и чистењето на залихите без графички приказ за штетното дејство од цигарите.

Намалената потрошувачка е пак резултат на Законот за пушење во јавни простории. Искуствата и од другите земји во соседството покажаа драстично намалување на потрошувачката на цигари. Сепак, со последните промени во законската регулатива се очекува да се надмине ваквиот тренд.

Во октомври 2012 година Министерството за економија го додесе Правилникот за адитиви во кој беше пропишан ЛИП стандардот кај цигарите.

Иницијатива на производителите на цигари за одбележување согласно законот за пакување и отпад од пакување

Членките на Групацијата на производителите на цигари на состанокот одржан на ден 08.06.2011 година во Стопанската комора на Македонија а во врска со примена на Законот за пакување и отпад од пакување и усогласување на индустријата во однос на означувањето на пакувањето се договорија, одбележувањето кај примарното да биде од внарешната страна на паклицата, освен меко пакување, каде ќе биде од надворешна страна заедно со другите информации, додека кај транспортното пакување одбележувањето ќе биде од надвор пропратено со спецификација додека ТКП, Империјал тобако и Јапан Тобако се изјаснија за надворешно одбележување на поединечните пакувања, како кај тврдото така и кај мекото пакување.

1. ФИЛИП МОРИС Скопје
2. ПРИМА МК ДОО Скопје
3. ДПТУ ФДС Фабрика за тутун ДООЕЛ Скопје
4. ИМПЕРИЈАЛ ТОБАКО АД Скопје
5. ТУТУНСКИ КОМБИНАТ-ЦИГАРИ ДООЕЛ Прилеп
6. РОВИТА РОНХИЛ ДООЕЛ Скопје


Контакт лице: Васко Ристовски
Менаџер во организационата целина за претставување на членките и вмрежување во Стручната служба

Телефон: + 389 2 3244014
Е-адреса: vasko@mchamber.mk