„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Групација за собирање на шумски плодови

Во Групацијата за собирање на шумски плодови членуваат правни лица, чија основна дејност е собирање на шумски плодови и лековити билки.

Основни задачи на Групацијата се:

- претставување и застапување на интересите пред надлежните органи;
- поврзување со сродни компании од земјите во регионов;
- согледување на можноста за заеднички пласман на откупените количини производи;
- заеднички настап на саеми и бизнис форуми;
- следење на ЕУ регулатилите и нивно прилагодување.

Претседател на Групацијата е Trрајан Трајков-Слога 88-Радовиш


ПОДАТОЦИ ЗА ДЕЈНОСТА

АКТУЕЛНИ СОСТОЈБИ ВО СЕКТОРОТ ЗА СОБИРАЊЕ НА ШУМСКИ ПЛОДОВИ

Економската, социјалната и еколошката функција на шумите е од огромно значење за одржливиот развој на земјата , како и за подобрување на квалитетот на животот, особено во руралните и планински подрачја.

На шумско земјиште во Република Македонија припаѓаат 1.159.600 hа, од кои вкупната површина под шуми изнесува 947.653 hа. Тематска расправа за тоа колку овој потенцијал е искористен, не е забележана на стручни јавни расправи, на кои би се укажало за потребните активности на сите чинители во државата за заштита, одржлив развој и соодветно користење на истиот.

Шумите и шумското земјиште се природен ресурс кој покрај дрвото,како материјално добро, обезбедува и други шумски производи како лековити растенија, делови од растенија, печурки, и сл.

Шумите во Република Македонија се карактеризираат со голема биолошка разновидност. Македонија располага со значителни ресурси на "споредни шумски производи": фармацевстски растенија, печурки, шумски плодови и сл., а и со разноврстен дивеч.

Собирањето на шумски плодови и лековити билки е сезонска и повремена дејност, која обезбедува егзистенција на одредена категорија на лица и нивните семејства.

Со собирање на шумски плодови печурки (во кои доминираат лисичарата и вргањот) и лековити билки (маховина, смрека, кантарион и други лековити билки) се занимаваат околу 50.000 семејни домакинства во Република Македонија. Од овие приходи главно дополнителни средства за егзистенција обезбедуваат околу 200.000 лица и тоа од ридско-планинските и неразвиените подрачија во Републиката. Со оваа дејност претежно се занимаваат невработени лица, лица кои немааат други или недоволни средства за егзистенција, социјални случаи и сиромашни граѓани.

Покрај егзистенцијалното значење на шумските плодови, истите имаат свој значај од аспект на извозот, бидејќи како нето извоз на овие производи се оставрува девизен прилив од над 10 милиони САД$. Во 2015 година извезени се околу 1.600 тони шумски печурки (свежи, сушени и конзервирани) во вредност од 12.5 милиони САД$ и 1.255 тони лековити билки во вредност од 2,6 милиони САД$.

Вкупно, од извозот на шумски печурки и лековити билки во 2015 година, реализиран е нето девизен прилив од над 14 милиони САД$, што е 14% повеќе од претходнта година.

Можностите за извоз се далеку поголеми од реализираните. Според оценката на собирачите и извозниците на шумски плодови, сигурно извозот би надминал просечно околу 20 милиони САД$ годишно, секако со изразени осцилации кои ги диктираат временските услови.

Тоа укажува дека овој природен потенцијал не е доволно искористен. Еден од главните лимитирачки фактори за негово соодветно искористување произлегува од ниските откупни цени, диктирани од цените на светско ниво. Имено, со проширувањето на меѓународната трговија во светски рамки, со отворањето на пазарите од Источна Европа и Азија се создаде голема конкуренција на странските традиционални пазари, што услови драстичен пад на извозните цени, коишто повлекоа соодветен пад на откупните цени посебно кај лековитите били.

Затоа, неопходно е да се промовираат и поддржуваат мали и средни трговски друштва кои работат со шумски печурки и лековити билки, за да обезбедат вработување и приход во руралните домаќинства, затоа што економската, социјалната и еколошката функција на шумите е од огромно значење за одржливиот развој на земјата , како и за подобрување на квалитетот на животот, особено во руралните и планински подрачја.

⮞ Трајан Трајков,  Претседател, СЛОГА-88, Радовиш

⮞ Борче Апостоловски, МЕТЕОРА ИМПЕКС, Гостивар

⮞ Васил Атанасовски, Анва фунги, Гостивар

⮞ Миле Ѓозев, ФЛОРЕС, Скопје

⮞ Павле Коловски, КОРО КОМПАНИ, Скопје

ИНИЦИЈАТИВА ЗА ОТПОВИКУВАЊЕ НА ОДЛУКА НА ЈП МАКЕДОНСКИ ШУМИ И ДОНЕСУВАЊЕ НОВ ПРАВИЛНИК

На состанокот во МЗШВ во јуни, 2011 година, и покрај укажувањата од страна на тогашниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство како и претставникот од Републичкиот инспекторат за шумарство за неоснованоста на наметнатите давачки од 35.000 денари за откупен пункт која треба да ја платат откупувачите и 1.000 денари за собирачите на печурки, поголем дел од компаниите ги платија овие неосновани давачки со што се спроведе една дискриминаторска политика кон откупувачите. За жал ваквите негативни тенденции продолжуваат и оваа година. ЈП Македонски шуми оваа давачка ја ограничи на 6 месеци па откупувачите но и собирачите се приморани да ја плаќаат истата 2 пати годишно, се бараат списоци од собирачи на печурки на откупните пунктови, се бара откупувачите да се регистрираат во јавното претпријатие иако, согласно Законот за земјоделие, истите веќе се регистрирани во ресорното министерстви и сл.

Членките ја истакнаа важноста од итно донесување на Правилникот за откуп и преработка на печурки, со кој практично би се ставил ред оваа стопанска дејност а домашните компании би биле рамноправни и конкурентни во однос на другите преработувачи од регионот. Согласно искуствата од земјите во опкружувањето, откупувачите сметаат дека со истиот тој правилник треба да се регулира и плаќањето на таксата и тоа според извезени количини, барање кое и порано беше актуелизирано од страна на Стопанската комора на Македонија.

За таа цел, членките на Групацијата за производство, откуп и преработка на лековити билки и шумски плодови бараат:

1. Да се отповика одлуката на ЈП Македонски Шуми согласно укажувањата од последниот состанок одржан со тогашниот Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство како и претставникот од Републичкиот инспекторат за шумарство во просториите на МЗШВ,
2. Претставници од групацијата да земат учество во изработката на Правилникот и истиот да се донесе во што е можно пократок рок


Контакт лице: Васко Ристовски
Менаџер во организационата целина за претставување на членките и вмрежување во Стручната служба

Телефон: + 389 2 3244014
Е-адреса: vasko@mchamber.mk