„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Групација на кондиторската индустрија

Во Групацијата на кондиторската индустрија членуваат правни лица, чија основна дејност е производство на чоколада, бонбони, кекси, вафли, кремови и гуми за џвакање кои се значаен дел од прехранбената индустрија.

Основни задачи на Групацијата се:

- претставување и застапување на интересите пред надлежните органи и институции;
- поврзување со сродни компании од земјите во регионов и можност за зголемување на извозот;
- согледување на можноста за заеднички набавки на суровини и репроматеријали;
- заеднички настап на саеми и бизнис форуми;
- следење на ЕУ регулатилите и нивно прилагодување.

Претседател на Групација е Дарко Димитровски-Европа, Скопје

ПОДАТОЦИ ЗА ДЕЈНОСТА

КОНДИТОРСКАТА ИНДУСТРИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА<

Кондиторската индустрија (производство на чоколада, бонбони, кекси, вафли, кремови и гуми за џвакање) е значаен дел од прехранбената индустрија, која со својот квантум на производство (индустрија која финализира брашно, шеќер, растителни масла, млеко, какао, и др.) запослува значаен број на работна сила Таа е голем потрошувач на амбалажа од домашните производители, користи транспортни услуги, има значаен удел во трговијата со прехранбени производи. Влијае позитивно на надворешно-трговскиот биланс на државата, затоа што вредноста на извозот на готови кондиторски производи е скоро 10% од вредноста на вкупниот извоз на прехранбените производи.

Историја - Расположивите капацитети во екс Југославија изнесуваа 33.000 тони и беа проектирани и изградени за високо заштитен пазар од 24 милиони потрошувачи на поранешна Југославија. Со производство од над 24.000-28.000 тони годишно во 1991 година, расположивите капацитети беа користени просечно годишно 70%, а во одделни периоди од годината до 90% (новогодишни и други празници).

Во периодот по екс Југославија, неповолните општествено политичките збиднувања, економските блокади на север и југ од земјата и претесниот македонски пазар условија перманентно опаѓање на производството од година во година, така што во периодот од 1992 година до 1998 година производството опадна и се задржа на 14.000-16.000 тони или 45-50% помалку во однос на 1991 година, при што капацитетите се користеа 30-36%.

Од 1996 година започна процесот на либерализација преку договорите за слободна трговија, најпрво со земјите од поранешна Југославија, односно земјите од регионот. По макотрпното прилагодување на новите односи на основните пазарни агрегати, во рамките на натамошната либерализација, која се одвиваше многу побрзо од процесот на унапредувањето и осовременувањето на производството, домашната кондиторска индустрија се соочи со силната конкуренција од увозот.

Вкупното годишно производство се намали на 12 500 тони во 2017 година, за околу 50% во однос на 1991 год. кога изнесуваше 24.000 тони, и покрај новите над 30 микро субјекти во кондиторската индустрија. Но, во рамките на стратегијата на евро - интеграционите процеси , во изминатите десет години надворешно трговската размена се движеше и сеуште се движи во рамките на создавање на зона на слободна трговија во регионот и со ЕУ со што проблемот на малиот пазар се надмина, а тоа создаде услови за перманентен пораст на производството во оваа дејност.

Тековни состојби - Во кондиторската индустрија регистрирани се над 50 стопански субјекти, од кои 85% се микро и мали Имаме исто така и значајно производство кај субјекти со третман на занаетчии- кои главно произведуваат пекарски производи и слатки за домашен пазар. Кондиторската индустрија располага со можен капацитет за производство (во рамките на проектираното време за работа на капацитетот) од околу 45.000 тони годишно.

Но во последниве години, под притисок на засилената конкуренција од увоз, пласманот на домашниот пазар од домашите производители се намали. Излезот се бараше во зголемувањето на извозот, секако со се пониска профитабилност по единица производ, кој во 2018 година во однос на 2017 година, забележа пораст од 22% , а во 2008 во однос на 2006 пораст од 42.5% во физичкиот обем на производство. Порастот од 43% односно 27%,3% кај вредносниот дел укажува на извоз со повисока додадена вредност.

ИЗВОЗ - во тони

Производ
2000
2002
2006
2008
2009
2010
2012  
2018
Слатки бисквити,вафли Колачи
1.181
846
2.048
2.389
2.699
4.033
5.168
6,868
Гуми за џвакање
551
515
508
522
516
563
572
681
Останати прои.од шеќер
1.556
1.777
2.000
2.816
2.688
2.853
2.632
2,677
Приз.кои содржат како
1.441
1.275
1.412
2.773
2.353
2.657
2.536
2,994
ВКУПНО
4.729
4.413
5.968
8.500
8.256
10.106
10.908
13,220

УВОЗ - во тони

Производ
2000
2002
2005
2008
2009
2010
2012
2018
Слатки бисквити,вафли
7.927
8.170
9.047
8.789
7.864
6.710
6.100
5.607
Гуми за џвакање
131
120
334
301
207
141
99
85
Останати прои.од шеќер
1.190
1.560
1.942
1.909
1.741
1.789
1.701
1.627
Произ.кои содржат какао
2.142
2.430
2.445
6.272
7.818
7.648
4.600
3.456
ВКУПНО
11.390
12.280
13.768
17.271
17.630
16.288
12.400
10.775

Производтвото во 2018 година достигна 24.000 тони, при што расположивите капацитети се користат над 60%.
При тоа, вкупното производство во 2018 во однос на 2010 година е поголемо за 12%, а одделно по производи најголем пораст е забележан кај други кондиторските производи кои содржат какао (за 6,5 пати), слатките бисквити 119%, вафлите 126%, итн. Споредено со 1998 година, кога започна засилената либерализација на пазарот, производството во 2018 година е поголемо за 73%.
Гледано од финансиски аспект, извозoт на кондиторски производи во 2018 година донесе 34.1. милиони САД$  или 19% зголемување во однос на 2012 (28,7 милиони САД$), додека во однос на 2000 година истото е зголемено за 2.8 пати. Во исто време увозот изминатат година изнесува 10.7 милиони САД$ што е намалување од 14% во однос на 2017 година, факт што укажува дека освен зголемен извоз, домашните кондитори истовремено ги истиснаа  странските производители и на домашниот пазар.

Одделно по земји извозот најзастапен е во регионалните земји ( Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина) но присутни се и на ЕУ пазарите ( Австрија, Словенија, Словачка итн ) како и во САД, Австралија и Блискиот исток.
Увозот од приближно 11.000 тони кондиторски производи и домашното производство од 11.000 тони наменето за домашниот пазар, чини околу 22.000 тони годишна потрошувачка на македонскиот пазар. Заедно со отворениот странски пазар од над 500 милиони жители преку договорите за слободна трговија, укажува на голем пазарен потенцијал за развој и унапредување, односно за нови инвестиции, на оваа дејност во нашата земја.

Одделно по земји извозот најзастапен е во регионалните земји ( Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина) но присутни се и на ЕУ пазарите ( Австрија, Словенија, Словачка итн ) како и во САД, Австралија.

⮞ Александар Цветанов, МАКПРОГРЕС, Виница

⮞ Ангелка Тасевска, МУЛТИПРОМ, Скопје

⮞ Гоце Колевски, 4 НОЕМВРИ Ф-КА ЗА ШЕКЕР, Битола

⮞ Загорка Митева, НИНА МАК, Битола

⮞ Иванчо Вељановски, ФАБРИКА ЗА КВАСЕЦ И АЛКОХОЛ, Свети Николе

⮞ Ненад Павловски, ВИГО-48, Битола

⮞ Радослав Атанасовски, ЕВРОКЕКС, Битола

⮞ Ристевски Ристе, ЛИОН, Свети Николе

⮞ Санде Давчев, МУЛТИКРЕМ, Штип

⮞ Тупаров Слободан, Макс, Струмица

ПРЕДЛОЗИ ЗА ПРАВИЛНИК ЗА АДИТИВИ ВО ХРАНАТА И ЗДРАВСТВЕН СЕРТИФИКАТ

На состанокот на Групацијата за кондиторско производство одржан на ден 19.04.2012 година во просториите на Стопанската комора на Македонија, на кој се расправаше за Правилникот за адитиви што се користат во исхраната донесен на 20.02.2012 година, претставниците на фирмите го посочија како главен проблем периодот на прилагодување со оглед на големите количини на веќе испечатени етикети и амбалажа со етикети што беше посочено и на состанокот со Заменик директорот во Агенцијата за храна и ветеринарство.

Компаниите предлагаат да се додадат нови декларации врз постоечките И да се употребуваат природни бои согласно законската обврска

Во однос на втората точка, здравствениот сертификат, компаниите како главен проблем ја посочија цената на истиот и сметаат дека треба да се наплаќа исто како и ветеринарниот сертификат, 350 ден, со оглед на фактот дека постапката за двата сертификати е идентична. Исто така компаниите предлагаат постапката за добивање на овој сертификат од страна на агенцијата да се поедностави. Доколку вредноста на цертификатот 350 денари (300 денари цертификат и 50 денари таксена марка/ важи за Здравствениот и Ветреринарниот цертификат) да се прават групни барања за издавање на 10 или повеќе цертификати со авансна уплата и раздолжување на лице место со инспекторите, по можност електронски.

На крајот од состанокот, компаниите се осврнаа и на проблемот со брашното за преработка при што побараа во нај итен можен рок да се најде решение пред се за скратување на периодот на анализи кој во овој период трае и повеќе од 7-8 дена. Брашното кое се увезува со сите барани цертификати како и здравствениот, се употребува во процесот на производство и истото се нарачува по спецификација на компаниите, бараме да не се врши анализа на секој камион туку повремено и истата да ја испраќа инспекторот што доаѓа во контрола дали пратката е пуштена во произвоство во кругот на фабриката, а не граничниот инспектор.


БАРАЊЕ ЗА ДДВ ЗА СИРОВО КАФЕ

Согласно барањето на производителот на кафе РИО ДООЕЛ-Скопје, членка на Стопанската комора на Македонија, Ви го доставувам Предлогот за измена на Законот за ДДВ од 5% на 18% при увоз на преработки од кафе (филтер и инстант кафе).

Фирмата РИО ДООЕЛ од Скопје, која е најголем преработувач на сурово кафе во Република Македонија, истото за преработка го набавува исклучиво од увоз и плаќа царина во висина од 5% како и ДДВ од 18% додека увозниците на преработки од кафе (филтер и инстант кафе) при увоз се оданочени во висина од 5% и се ослободени од царински давачки, доколку земјата на потекло е до Европската Унија.

Според тоа, крајно нелогично е за домашните увозници и преработувачи на сурово кафе да при увозот и пуштањето во промет на преработено кафе како готов производ при продажба на домашниот пазар плаќаат ДДВ од 18%, додека за увозот на преработки од кафе (тарифен број 21 01 129200) да се плаќа ДДВ од 5%.

Во земјите членки на унијата овие давачки се изедначени. Исто така и земјите во регионот ги имаат имплементирано истите прописи, односно еднаква стапка на ДДВ за суровото кафе и преработките од кафе.

Поради сето горе изнесено, во име на домашните увозници и преработувачи на сурово кафе при Стопанската Комора на Македонија, Ви го доставува следниот предлог:

1. Измена на Законот за ДДВ - примена на иста даночна стапка на ДДВ од 18% при увозот на сурово кафе за преработка како и преработки од кафе (филтер и инстант кафе).
2. Крајно неоправдано е при увоз на сурово кафе да се применува даночна стапка од 18% додека увозните готови преработки од кафе подлежат на даночна стапка од 5%, односно увезената суровина да биде со повисока стапка од увезениот готов производ. Еспресото како преработка од кафе се оданочува исто со 18% додека капучиното, поради присуството на млеко во својот состав, со 5%.


Предлогот за измена на Законот за ДДВ од 18% на 5% при увоз на суров нерафиниран шекер од шекерна трска.

Фабриката за шеќер од Битола, која е и единствен производител на шеќер во Република Македонија, суровиот нерафиниран шеќер од шеќерна трска го набавува исклучиво од увоз.

До спроведувањето на Одлуката за определување на производи за човекова исхрана кои подлежат на повластена даночна стапка на данок на додадена вредност (Службен весник на РМ број 22/2003), според дотогаш важечкиот Закон за ДДВ, при увозот на суровиот нерафиниран шеќер од трска фабриката за шеќер плаќаше повластена даночна стапка на ДДВ од 5%. За останатите репроматеријали како коксот, јагленот, горивото, натрон вреќите и друго кои веќе се оданочуваат со 18% сметаме дека и понатаму треба да се применува општата даночна стапка од 18% од причина што истите можат да се користат и за други непрехрамбени производи.

Белиот рафиниран шеќер во Р.Македонија како стратешки производ, со примена на Законот за ДДВ се оданачува со даночна стапка од 5%.

Според тоа, крајно нелогично е за фабриката за шеќер да при увозот и пуштањето во промет на бел рафиниран шеќер како готов производ при продажба на домашниот пазар плаќа ДДВ од 5%, додека за увозот на суровиот нерафиниран шеќер од шеќерна трска за преработка (тарифен број 17 011 110 00) да се плаќа ДДВ од 18 %.

Во вакви околности, посебно во овај период кога цената на суровиот шеќер на светските берзи достигнува рекордно високо ниво, фабриката за шеќер е принудена да обезбедува големи износи на парични средства и да подига банкарски кредити со единствена намена -- плаќање на општата даночна стапка од 18 % ДДВ при царинење на суровиот нерафиниран шеќер од шеќерна трска. Потоа со доставувањето на месечните даночни пријави за ДДВ, фабриката побарува многу високи износи на парични средства за повраток на ДДВ од 13 % како разлика, при што додатно ги оптоварува ионака тешките услови на стопанисување на фабриката за шеќер.

За потребата од намалување на стапката на ДДВ при увоз на суровина-нерафиниран суров шеќер од шеќерна трска, фабриката изминатите години во повеќе наврати се обраќаше до Министерството за економија и до Владата на Република Македонија.

Поради сето горе изнесено, во име на фабриката за шекер “4 Ноември” AД-Битола при Стопанската Комора на Македонија, Ви го доставува следниот предлог:

1. Измена на Законот за ДДВ - примена на повластена даночна стапка на ДДВ од 5% при увозот на суров нерафиниран шеќер од шеќерна трска наместо досегашните 18%. Рафинираниот бел шеќер е производ од витално и стратешко значење во исхраната како и во кондиторската индустрија и затоа сметаме дека даночната стапка при увозот на суровиот нерафиниран шеќер од шеќерна трска и при продажбата готов производ - бел шеќер, треба да биде изедначена и истата да изнесува 5%.
2. Крајно неоправдано е при увоз на бел шеќер да се применува даночна стапка од 5% како и при продажба на готов производ на домашен пазар, додека увозната суровина подлежи на даночна стапка од 18%, односно увезената суровина да биде со повисока стапка од увезениот готов производ.
3. Доколку ваквиот Предлог не биде прифатен, бараме стапката на ДДВ на увоз на бел шеќер да се изедначи со онаа на суровиот нерафиниран жолт шеќер, односно за увозот на истиот да се применува стапка на ДДВ од 18%.

Во очекување да ги прифатите нашите барања и предлози остануваме со изрази на почитување.


Контакт лице: Васко Ристовски
Менаџер во организационата целина за претставување на членките и вмрежување во Стручната служба

Телефон: + 389 2 3244014
Е-адреса: vasko@mchamber.mk