„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Групација на оранжериско и пластеничко производство

Во Групацијата за оранжериско - пластеничкото производство членуваат правни лица, чија основна дејност е преработка на овошје и зеленчук.

Основни задачи на Групацијата се:

- претставување и застапување на интересите пред надлежните органи и институции;
- поврзување со сродни компании од земјите во регионов;
- согледување на можноста за заеднички набавки на суровини и репроматеријали како и заеднички пласман на производите во странство;
- заеднички настап на саеми и бизнис форуми;
- следење на ЕУ регулатилите и нивно прилагодување.

Претседател на Групацијата е Бранко Балтовски-АГРОХЕМИЈА, Скопје


ПОДАТОЦИ ЗА ДЕЈНОСТА

АКТУЕЛНИ  ПРОБЛЕМИ ВО ОРАНЖЕРИСКОТО ПРОИЗВОДСТВО

Оранжериско - пластеничкото производство

Вкупната земјоделска површина на Република Македонија изнесува 1.316.335 ха, од кои 576.618 обработлива земјоделска површина.

 Од вкупно обработливата површина 479.673 ха се под ораници и бавчи, 16.301 овоштарници, 27.734 ха под лозја и 53.000 ха под ливади

 Вкупната површина под оранжериско производство по региони во Република Македонија е следна:

Вкупно обработлива површина
Категорија на земјиште
ораници и бавчи
овоштарници
лозја
ливади
Богданци
4700
3600
68
929
132
Валандово
6500
5000
97
1530
85
Гевгелија-
регионот
9600
7000
250
1400
1000
Струмица-регионот
28.500
25.500
430
1450
1160
Јегуновце
3084
2575
87
10
412
Џепчиште
953
729
33
-
191
Вкупно
53 368
44 404
965
5.319
2.980

Производството на раноградинарски култури има значајно влијание во доменот на извозот (оранжериите  практично имаат изразит нето девизен ефект,) што е секако придонес во подобрување на состојбата во трговскиот биланс на земјата (извоз 20 милиони ЕУР) при што повеќе од 75% од вкупното производство на оранжериите  се извезува. Покрај постоечките проблеми  со енергенсите, пред се мазутот кој  во  периодот  јануари 2009-мај 2015 година поскапе за 189,33  проценти, не опфаќањето на оранжериите со Програмата за руралниот развој од страна на Владата, минималното зголемување на средствата наменети за оранжериите од 20.000 денари по 1 Ха. (80.000 денари за минатата година-100.000 денари по 1 Ха за тековнава година) согласно Програмата за подршка на земјоделитето за 2009/2018 година, истите се соочуваат и со нерешениот статус на земјиштето на оранжериите и самите оранжерии што дополнително го отежнува нивното работење во крајно неповолни услови како и нелојална конкуренција на пазарот.

Производителите на раноградинарски култури (оранжериите) веќе неколку години апелираат до владата и ресорнотоминистерство за проблемот со нерешеното прашање на земјиштето на оранжериите, статусот на земјиштето на оранжериите, како и самите оранжерии сеуште од надлежните органи и институции не се решава и покрај презентираната валидната  документација издадена од надлежни органи за изградба на истите (урбанистички согласности, одобренија за градба, градежни дозволки и слично). Претставниците на оваа групација потенцираат   дека нерешениот статус на земјиштето претставува голем проблем на оранжериите (не можност да се аплицира за кредит кај банките зашто со нерешено прашање не може да се дадат истите под хипотека). Тие  предлагаат меѓуресорски состанок (Министерство за земјоделство, Министерство за транспорт и Врски, Агенцијата за катастар на недвижности и Министерство за економија) на кој би се дефинирал статусот на земјиштето на оранжерии (стакленици).

⮞ Бранко Балтовски, Претседател, АГРОХЕМИЈА, Скопје

⮞ Васе Митев, ОРАНЖЕРИИ ХАМЗАЛИ, Струмица

⮞ Ѓорѓи Арнаудов, Еуромилк оранжерии (Оранжерии Анска река ЕГ), Валандово

ИНИЦИЈАТИВА ЗА НАДМИНУВАЊЕ НА ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ЕШЕРИХИЈА КОЛИ

Групацијата на оранжериско и пластеничко производство, на својата седница одржана на 01.7.2011 година во Стопанската комора на Македонија, а во врска со предлозите на Групацијата за надминување на новонастанатата состојба на пазарот како последица од појавата на бактеријата ешерихија коли и Заклучоците на Владата на РМ, ги донесе следните Заклучоци:

1. Зголемувањето на субвенциите во оранжериското производство согласно предлогот на Владата на РМ е премало, земајќи го предвид вкупното зголемување на субвенциите во земјоделството (2005-2011 год. 1.543%) додека за истиот период за оранжериско производство во контролирани услови (стакленици) субвенциите се зголемени за само 80%.

Предлог-заклучок:
Субвенциите за оранжериско производство (стакленици) во контролирани услови (со греење) да се зголемат на 500.000 денари по хектар, кое зголемување пак ќе биде далеку пониско (една половина) од вкупното покачување на субвенциите.

2. Предложената мерка за санирање на должничиката криза настаната со пазарната ситуација и предлогот за зголемување на лимитите за користење на кредитите од ЗКДФ до максимум 400.000 евра беше поздравена од производителите и оценета како добра и покрај барањето на членките лимитот да се одреди на максимум 700.000 евра.
Но, беше изразено наслегање со лимитот на вкупниот фонд чија висина е предвидена да биде 1.200.000 евра. Доколку е лимитот 400.000 евра, во вкупниот фонд можат да партиципираат само три субјекти. Производителите се на мислење дека цифрата од 1.200.000 евра е грешка и сметаат дека треба да стои 12.000.000 евра.

Предлог-заклучок:
Во точката 2 од Заклучокот на Владата на РМ износот од 1.200.000 да се замени со 12.000.000 евра.

3. Со актуелните цени на мазутот не е можно да се организира вистинско зимско-пролетно производство па производителите сметаат дека Владата треба да изнајде можност за субвенционирани цени на мазутот. Во спротивно, оранжериите-стакленици практично ќе се претворат во производители во пластеници, при што значајно ќе се намали трошокот за греење (мазут), а од друга страна подоцна ќе расадува и соодветно на тоа ќе доцнат и бербите со што ќе се појави дополнителна конкуренција на пластеничкото производство резултирајќи со енормно висока понуда на пазарот и драстично паѓање на цените. Тоа би резултирало со крајно неповолни економски резултати, како за оранжериите-стакленици, така и за помалите производители во пластеници.

Предлог-заклучок:
- За оранжериско-стакленичкото производство (зимско-пролетно производство) со расадување во декември, цената на мазутот да изнесува 15 денари за килограм (нето-цена без ДДВ).
- За оранжериите-стакленици со организирано греење, при набавка на мазут, да не се пресметува и наплаќа надомест за задолжителни резерви.
- Алтернатива на точка 1 од овој заклучок: Доделување на мазут без надомест за реално потрошен мазут за периодот од 1 декември до 15 март следната година.

Поради настанатите штети како последица од ешерихија коли, а за делумно компензирање на истите, Групацијата бара од ресорното Министерство компензација од 50% од реално потрошениот мазут во грејната сезона 2011 година. Производите (краставица и домати) кои не можат да се продадат и масовно се ништат посевите, биле загревани за време на целиот вегетативен период со мазут по енормно висока цена (најголемото покачување на цената на мазутот е евидентирано токму во оваа грејна сезона). Имајќи го предвид фактот на реално потрошениот мазут по високи цени и депресираната цена на производите, од една страна, како и големите количини на уништени плодови од друга, Групацијата смета дека е основано барањето за финансиска компензација на ваквата штета или со доделување на одредени количини мазут, елаборација, едногласно беше прифатен следниот:

Предлог-заклучок:
- На оранжериите (стакленици) со организирано греење да им се додели мазут во количина од 50% од реално потрошениот мазут во грејната сезона декември 2010 - мај 2011 година документирано со фактури и изводи за извршено плаќање.
- Алтернатива на соодветна компензација може да предложат Министерството за земјоделство и Министерството за финансии.


Контакт лице: Васко Ристовски
Менаџер во организационата целина за претставување на членките и вмрежување во Стручната служба

Телефон: + 389 2 3244014
Е-адреса: vasko@mchamber.mk