„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Семинар

МЕДОТИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИЦИ, КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ И ИНСПЕКЦИЈА НА ПРОЦЕСНАТА ОПРЕМА ВО ПРОИЗВОДНАТА ИНДУСТРИЈА

12.07.2024 , Семинар

сала 4, 5-ти кат

Управување со ризици и контрола на квалитет на процесната опрема во производната индустрија станува се позастапено. Со правилно и навремено пресметување и контролирање на ризиците преку редовна инспекција согласно локална регулатива и општо прифатени светски стандарди преку напредни технолошки алатки и системи достапни на пазарот се спречувааат и намалуваат потенцијалните дефекти, се зголемува профитот, се подобрува и подигнува нивото на безбедноста и здравјето при работа како и влијанието врз животната средина.
 
Цел на семинарот
Целта на семинарот е да се добие целосна и јасна слика за сите елементи кои влијаат на ефикасното и безбедно работење на постројките вклучувајќи ги: опремата, машините, резервоари под притисок, цевоводи и сл.), а со цел заштита на здравјето на работникот, влијанието врз животната средина и техно-економската оператива на компанијата. Запознавање со различни видови на напредна инспекција. Фазни зраци на ултразвучно испитување.
 За кого е наменета обуката?
Обуката е наменета за сопственици, менаџери и вработени во компании (технички персонал, процес инженери), пред се во производното инженерство, кои што сакаат да го
прошират своето техничко знаење и подобрат системот на работа во однос на управување со ризици, контрола на квалитет на процесната опрема и методи на конвенционални и напредни методи на инспекција на материјали.
 
Придобивки од обуката
Препознавање на ризиците во процесната опрема; Методи за пресметка на ризикот и доделување на контролни мерки со цел безбедна оператива. Редовна инспекција. 

Придобивки:
-    Намалување на downtime (загуба на производство при ремонт на опрема). 
-    Превентивни мерки ( максимален интервал на инспекција на материјалите и опремата,
      контрола на процесните параметри во дозволениот оперативен прозорец)
-    Спречување од хаварија
-    Безбедност и здравје на рабоникот
ПРОГРАМА:
1.    Препознавање на ризиците во процесната опрема;
2.    Методологија за пресметка на ризик и доделување на потенцијални механизми
        на оштетување на опремата;
3.    Пресметка на последици и влијание во случај на дефект (хаварија) врз здравјето на човекот,
       животната средина, економски загуби;
4.    Превентивни и контролни мерки за отстранување и намалување на ризикот;
5.    Инспекциски план и максимален интервал на инспекции;
6.    Конвенционални и напредни методи на инспекција на опремата без разорување:
6.1.    Ултразвук инспекција (мапирање, фазни зрази)
6.2.    Визуелна инспекција, инспекција со магнети и пенетранти
6.3.    Радиографско испитување.
7.    Системи и инструменти за инспекција на опремата;
8.    Софтверски решенија за контрола на процесните парамтери во оператива.

Предавач на семинарот:
Дарко Чучак, дипломиран машински инженер, АПИ 580 (Инспекција базирана на ризик) сертифициран инженер, ИСО 9001 аудитор, Сертифициран инспектор за напредни методи за испитување без разорување, со повеќе од 15 години искуство во областа на машинството и безбедноста и здравјето при работа. Имплементација на побарувањата од законската регулатива во Македонија во однос на безбедноста и здравјето при работа и животната средина. Искуство во нафтената и гасна индустрија како дел од инспекциски тим и тим за Интегритет на опремата под притисок базирана на АПИ 580 стандард на проекти за светски клиенти како што се ExxonMobil, Shell, Total, на постројки ширум светот (Африка, Азија, Европа).
 Сите заинтересирани учесници за овој семинар  можат да се пријават најдоцна до 10 јули 2024 година. 

Контакт лица:

м-р Анита Митревска
 ++ 389 2 3244057
 
м-р Михајло Донев
 ++ 389 2 3244067