„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

ПОКАНА Меѓународни деловни средби “Meet4Business AGRA 2024” 28 август 2024 година Горна Радгона, Р. Словенија

17.07.2024 - 22.08.2024 , Саем

 Стопанската комора на Северна Македонија во соработка Агенцијата за регионален развој од Подравје – Марибор, Европската мрежа на претприемачи (ЕЕН) има чест и задоволство повторно да Ве покани на настанот за деловно поврзување „Meet4Business AGRA 2024“, кој ќе се одржи на 28 август 2024 година во рамките на 62-от Меѓународен саем за земјоделство и храна AGRA 2024 во Горња Радгона (Словенија). 

Саемот АГРА 2024 ќе промовира нови производи, технологии и знаење, притоа ефикасно искористувајќи го сето она што досега го имаме на располагање. Саемот претставува одлична можност за запознавање со купувачи, за размена на искуства на меѓународно поле и за иницирање на нови деловни контакти. 

 
На средбите ќе бидат опфатени следните теми:        
 

•        Органско земјоделство

•        Производство и преработка на прехранбени производи

•        Агро-туризам

•        Дигитализација, роботика и вештачка интелигенција

•        Инвестиции/Финансирање

•        Продажба и дистрибуција

•        Сервис / Одржување / Набавка

•        Регионален развој

•        Друго

 
 
Деловните средби се наменети за:
 
Ø Компании заинтересирани за земјоделство;
Ø Компании во потрага по партнери и нови соработки;
Ø Тимови за дигитализација и старт-апи кои бараат нови клиенти и партнери;
Ø Експерти за земјоделство;
Ø Академици;

Ø Планирање на проекти во насока на развој и иновации во соодветните области. 

Терминот предвиден за билатерални деловни средби има за цел да иницира деловна и технолошка соработка преку овозможување на однапред договорени состаноци од 30 минути. Основата за состаноците е онлајн каталог кој ги содржи сите профили на компетенции на секој учесник. 

Сите заинтересирани компании своето учество можат да го пријават најдоцна до 22.8.2024 година со регистрација на следниот линк: Регистрација: https://agra2024.talkb2b.net/, каде што ги има и сите подетални информации во врска со настанот. Учеството на настанот е бесплатно.

 
 
АГЕНДА
 

Среда  28ми август 2024,сала 5

10:00 – 11:30 Тематски предавања „Агро туризам “(на словенечки јазик)

12.00 – 16.00 Билатерални деловни средби
16.00 Вмрежување и тестирање на вино
 
 
 Контакт лицa од Стопанскa комора на Северна Македонија:

Ирена Мојсовска, телефон: +389 2 3244 009, е-адреса: irena@mchamber.mk,  

Калина Миљовска, телефон: +389 2 3244 002, е-адреса: kalina@mchamber.mk  

 

Контакт лица:

Ирена Мојсовска, телефон: +389 2 3244 009, е-адреса: irena@mchamber.mk,  

Калина Миљовска, телефон: +389 2 3244 002, е-адреса: kalina@mchamber.mk