„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Семинар

Дводневен интерактивен семинар на тема: ОСНОВНИ И НАПРЕДНИ ТЕХНИКИ НА ПРОДАЖБА, ТРЕНИНГ ЗА ТРЕНЕРИ НА ПРОДАЖБА, ОСНОВИ НА МЕНАЏМЕНТ, СТРАТЕГИИ И ВЕШТИНИ ВО ДИСТРИБУЦИЈА НА ПРОИЗВОДИ И УСЛУЖНИ ДЕЈНОСТИ НА ДОМАШЕН И СТРАНСКИ ПАЗАР, КАКО РАЗМИСЛУВААТ ИНТЕРНАЦИОНАЛНИТЕ БРЕНДОВИ ПРИ ОСВОЈУВАЊЕ НА ПАЗАРИТЕ

20.01.2025 - 21.02.2025 , Семинар

Стопанска комора на Северна Македонија, сала 4 на 5-ти кат

 Стопанската комора на Северна Македонија на 20-21 февруари 2025 година организира дводневен интерактивен семинар на тема:  ОСНОВНИ И НАПРЕДНИ ТЕХНИКИ НА ПРОДАЖБА, ТРЕНИНГ ЗА ТРЕНЕРИ НА ПРОДАЖБА, ОСНОВИ НА МЕНАЏМЕНТ, СТРАТЕГИИ И ВЕШТИНИ ВО ДИСТРИБУЦИЈА НА ПРОИЗВОДИ И УСЛУЖНИ ДЕЈНОСТИ НА ДОМАШЕН И СТРАНСКИ ПАЗАР, КАКО РАЗМИСЛУВААТ ИНТЕРНАЦИОНАЛНИТЕ БРЕНДОВИ ПРИ ОСВОЈУВАЊЕ НА ПАЗАРИТЕ.

Желбата да ја зголемите продажбата, сами да можете да креирате успешни продажни тимови и кадри, да можете да ја имплементирате својата стратегија за настап на домашен и странски пазар (свој бренд или услуга), да раководите, органзирате, контролирате, мотивирате, со еден збор да успеете во конкурентниот свет !

Овој семинар е за вас!

Придружете ни се на една интерактивна обука, која ќе ви овозможи веднаш примена на техниките на вашето работно место со вашиот тим!

Придобивки од семинарот:

1.   Основни и напредни техники на продажба - Не станува збор само за теорија!

    Заедно ќе работиме на најновите техники кои ќе ви помогнат да препознате лажни од вистински забелешки, чекори како да се справите со нив и како да ја затворите продажбата и да ги подобрите вашите продажни цели;

2.   Креирање на тимови за продажба и услуги.

Што им е потребно на тимовите за успех? Како се дава правилен фидбек и зошто е најважна метода во пренесување на знаење и клучна вештина во комуникација. Зони на спремност на агенти за продажба. Откријте ги факторите кои ја дефинираат зоната на спремноста за успех. Препознавање на улоги во тимот, Интегратор, Имплементатор, Администаратор. Лидер.. Како се мотивираат тимовите?

3. Бидете вие самите расадник на кадри и тренери на вашиот тим;

6. ЕДАК циклус за обука на продавачи – потребна е за секој менаџер кој раководи тим,

рaзберете како да го примените овој моќен циклус во вашиот тренинг и развој;

7. KASH -концепт е најприменуван метод за успех и кај продавачите и кај купувачите. Дознајте како знаењето, ставот, вештините и навиките взаемно дејствуваат и влијаат на нашиот личен и професионален живот.

Организираност на семинарот:

✅ Интерактивни практични вежби – ќе работите со реални примери од пракса!

✅ Професионален врвен и искусен тренер со повеќе годишно и богато портфолио во продажните процеси во престижни компании;

✅ Специјални  гости – запознајте се со други професионалци и разменете искуства и совети за вашиот бизнис на домашниот и надворешниот пазар;

✅ Повратни информации и поддршка – по завршување на секоја вежба ќе добиете конкретни повратни информации за подобрување на вашите перформанси;

✅ Не се прашувајте зашто успешните компании ги негуваат и имплементираат наведените теми , почнете веднаш и уживајте во резултатите;

✅ Во фокус на с′е што правиме е човечкиот капитал кој е вистинскиот двигател на секоја организација.

За кого е наменет семинарот?

Семинарот е наменет за сите вработени во приватниот и јавниот сектор од продавачи до менаџери во компаниите, управители на друштва, вработени во секторите за управување со човечки ресурси и бизнис развој, маркетинг, тимско управување, бренд менаџери, логистика, предприемачи, како и за сите останати кои сакаат да го усовршат и надградат своето знаење со нови вештини, методи и техники во продажниот циклус и тимското работење.

ПРОГРАМА
  • Основи и чекори на продажба;
  • Што е дистрибуција и како до (100% × 100% ×100% ×100%) императив на професионалците;
  • Зошто тежинската е поважана од нумеричката дистибуција на пазарот;
  • Како да креирате, ефикасни рути, ефикасни телефонски повици и ефикасна наплата; 
  • Како до максимални резултати - продажен волумен преку услуга, дистрибуција, цени, позицинирање на полици, мрчадајзинг?
  • Како да креирате тимови за продажба и услуги и што е потребно на тимовите за да оставрат успех?
  • Како и каде се прави обука на тимови кои се насочени на резултат?
  • Препознавање на улоги во тимот - интегратор, имплементатор, администаратор, лидер;
  • Како се мотивираат тимовите?
  • Како се дава правилен фидбек и зошто е една од  најважните методи за  пренесување на знаење и клучна вештина во успешна комуникација?
  • Зони на спремност на членовите на тимот за продажба, кои фактори ја дефинираат зоната на спремноста за успех?
  • Напредни продажни и преговарачки вештини за зголемување на продажба;
  • Фактори кои влијаат успехот или неуспехот во преговарањето;
  • Кога започнува продажбата и како се однесуваат професионалците?
  • Значење на невербалната комуникација и зашто правилениот фидбек е скапоцена алатка?
  • Влијателен начин на продажба и решавање на приговори при продажно/преговарачкиот процес;
  • Техника на откривање на лажни од вистински забелешки;
  • Креирање: “регистер на примедби” ;
  • Обучување тимови: основи на менаџмент и менаџирање на продажни тимови;
  • Грижа за клиенти и како да стигнеме од потенцијални до клучни клиенти;
  • Што е клучен клиент?
  • Cross & Up Seling: зголемување на нарачки кај нашите постоечки клиенти;
  • Најголемите грешки во продажбата;
  • Како влијае мотивационен пакет - платата на вработените?

Практичен дел: Активни вежби застратешко преговарање во секојдневни бизнис симулирани ситуации со интерактивно учество, практични реални примери и решавање на ситуации.

Предавач:
- Владимир Бесовски, дип. електро инженер, со повеќе со 23 годишно искуство во продажба и севкупни продажни циклуси. Моментално работи во Kuehne + Nagel ДОО Скопје како бизнис девелопмент специјалист. Својата кариера ја започнува од основно ниво во продажбата, за да набрзо се искачи до позицијата директор на продажба во Нелт СТ Скопје,  а потоа станува и комерцијален директор во Алма-М Скопје. Две од водечките дистрибутивни компании на македонскиот пазар за светски брендови P&G, Mondelez, Jacobs, Duracell, Johnson& Johnson, потоа , Nestle, Zott, Monte, Mogyi, Wrigley. Стекнатото практично искуство и вештини, едукациите од странските гиганти беа препознаени од првиот Македонски портал Vrabotuvanje.com за кои прави едукации и работилници за продажба, стратегиски пристапи и иновации во бизнис. Искуството не само што го формирало како лидер во продажба, менаџмент и глобален поглед за развојот на бизнисите, туку му овозможи и да стане тренер на тренери за продажба, бизнис девелопмент специјалист и консултант за бројни домашни и меѓународни компании од различни индустрии. Дел од неговото портфолио како консултант се компаниите: Прилепска Пивара АД Прилеп, Пелистерка АД Битола, Жито Лукс АД Скопје, Еуро-Грандс Дистрибуција ДООЕЛ Скопје, Stanley Black and Decker Македонија и други. Владимир Бесовски е истакнат во креирање и менторство на кадри, управување со продажни тимови, развој на стратегии за раст и развој, како и  освојување на нови и задржување на постоечките пазари.  Оптимизацијата на бизнис процесите и менаџмент, креирање на стандарди и култура во продажните процеси кои се  фокусирани на долгорочен успех. Сето ова го позиционираше како еден од водечките стручњаци во оваа област и препознатлив од страна на домашните и странските компании.

       Специјални гости на семинарот ќе бидат:
 
         Ивица Саралиевски, генералем менаџер на Подравка ДООЕЛ од Македонија.

Своето работно искуство го стекнува  со компании од земјава и странство, каде стекнува доволно пракса, знаења и вештини во деловното работење на трговските друштва. Неговото професионално портфолио опфаќа увоз и извоз, трансакции, стратегии и менаџмент на домашниот и странскиот пазар, како и следењето и прилагодувањето на промените кои се случуваат во FMCG индустријата.

      Александар Симоновски, Принципал , Национален супервизор за HELL ENERGY.

Истакнат како лидер на бизнисот за енергетски производи и кафе, со длабоко разбирање во анализа на пазарот, стратегија за дистибуција и маркетинг, позиционирање и уникатна вредност на брендовите.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
 

-       Електронски работен материјал;

-       Сертификат за присуство;

-       Ручeк и освежување;

 
  • Семинарот ќе биде во просториите на Стопанската комора на Северна Македонија, сала 4 на 5-ти кат.
  • ренерот на семинарот користи повеќе методи за пренесување на информациите (предавање, интерактивност, практични вежби), со што ја зголемува продуктивноста на пренсување на информациите и успешно стекнување на знаењата и личните перформанси кај учесниците.
  • Гостите на семинарот ќе споделат практични искуства и лични примери.
  • Секој учесник добива електронски работен материјал и сертификат за присуство од страна на Комората, како и за време на семинарот закуска, кафе и освежување на паузите.
  • Котизацијата за дводневниот семинар по учесник изнесува изнесува 8.850 денари (7.500 ден. + 18% ДДВ) за членки на Комората и  10.030 денари ( 8.500 ден. + 18% ДДВ).
  • Доколку се пријават три или четири учесника од иста компанија цената на котизација е со 10% попуст за сите учеснци и ако се 5 или повеќе учесници од иста компанија  е со 20% за сите учеснци.  
  • Рок за пријавување: 17.02.2024 година. Резервирајте го Вашето место навремено бидејќи групата е со ограничена бројка, а дводневниот семинар е со најдобра цена за котизација.

Контакт лица:

 м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова,    

телефон: 02 32 44 074         

beti@mchamber.mk