Стопанската комора на Северна Македонија, во соработка со Амбасадата на Република Албанија во Скопје, има чест да ве покани на претстојниот Македонско-албански бизнис-форум: Преку границите, кој ќе се одржи на 12 мај 2026 година (вторник) во хотел Александар Палас, Скопје (сала К4).
Бизнис-форумот ќе обедини претставници на институции, инвеститори и деловни лидери од двете земји и ќе претставува платформа за зајакнување на економската соработка, воспоставување нови деловни контакти, развој на партнерства и разгледување конкретни можности за трговија и инвестиции од заеднички интерес.
Во рамки на програмата ќе бидат организирани структурирани Б2Би Б2Г деловни средби меѓу компании од Северна Македонија и компании и институции од Албанија, со цел директно поврзување на деловните субјекти согласно со нивните интереси и потенцијали за соработка.
Ги покануваме заинтересираните компании да присуствуваат на Бизнис-форумот и да го изразат својот интерес за учество на Б2Б / Б2Г средбите.
Ве молиме потврдете го вашето присуство и искажете го Вашиот интерес за средби најдоцна до8 мај 2026 г. (петок) со пополнување на пријавата во прилог.