„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

КАКО ДО КРЕАТИВНО РЕШЕНИЕ ЗА СЕКОЈ ПРЕДИЗВИК: DESIGN THINKING Методологија во пракса – 21.05.2026 година

05.05.2026 - 20.05.2026 , Обука

сала 1, 5-ти кат Стопанска комора на Северна Македонија

Во услови на брзи промени, зголемена комплексност и постојани нови очекувања од клиентите, вработените и пазарот, компаниите и професионалците сè почесто се соочуваат со предизвици за кои класичните решенија повеќе не функционираат. Недоволно јасно дефинирани проблеми, решенија базирани на претпоставки, отпор кон промени и недостиг од креативни, но применливи идеи се реалност во секојдневното работење на тимовите.

На глобално ниво, Design Thinking методологијата е препознаена како еден од најефективните пристапи за решавање комплексни предизвици и поттикнување иновации. Истата е широко применета во компании како Google, IDEO, IBM, SAP и бројни организации од различни индустрии – од ИТ и финансии, до HR, маркетинг и јавен сектор. И во Македонија, интересот за Design Thinking расте, особено кај компании кои сакаат да донесуваат подобри одлуки, да креираат услуги и процеси ориентирани кон луѓето и да изградат култура на соработка и креативност.
Со цел да понудиме практичен, применлив и интерактивен пристап за справување со овие предизвици, Стопанската комора на Северна Македонија на 21 мај 2026 година, организира обука на тема: „Како до креативно решение за секој предизвик: Design Thinking методологија во пракса“.
Обуката е силно практично ориентирана и дизајнирана така што учесниците прво ќе го искусат процесот, а потоа ќе ја научат методологијата. Фокусот е ставен на:

·        разбирање и правилно дефинирање на проблемите,

·        користење на „How might we...“ пристап за формулирање предизвици,

·        генерирање креативни и одржливи идеи преку тимска работа,

·        брзо прототипирање и тестирање на решенија,

·        примена на Design Thinking во секојдневната работа, без разлика на улогата или индустријата.

Преку работа во мали групи, интерактивни вежби, реални бизнис ситуации и фасилитирана дискусија, учесниците ќе стекнат конкретни алатки и јасен процес што ќе можат веднаш да го применат во својата организација и тим.
Ве покануваме да ја искористите оваа можност за развој на креативното размислување, подобро решавање на проблеми и носење поинформирани одлуки, и да стекнете методологија што ќе ви помогне да пристапувате кон секој предизвик со јасност, структура и самодоверба.
 
За кого е наменета обуката:

·        Вработени од приватен и јавен сектор

·        Менаџери и тим лидери

·        HR и L&D професионалци

·        Вработени во маркетинг, продажба и customer experience

·        Претприемачи и стартап тимови

·        Секој што се соочува со комплексни проблеми и сака практична алатка, не теорија

Придобивки од обуката (зошто да се пријавите?):

✅ Ќе научите структуриран начин на размислување
✅ Ќе добиете алатки што може веднаш да ги примените
✅ Ќе искусите тимска креативна работа
✅ Ќе научите како да поставувате подобри прашања („How might we…“)
✅ Ќе ја зголемите самодовербата во решавање проблеми, вашата и на вашите колеги/шки
✅ Секој заминува со јасен процес, не апстрактна инспирација

Предавач:

Димитрија Ристевски е HR професионалец со искуство стекнато во повеќе реномирани македонски компании, но со посебен фокус на креирање на позитивна организациска култура, развој на лидерски капацитети, креирање програми за учење и развој на вработени, како и, менаџирање на перформансите на вработените. Тој исто така е Сертифициран коуч за личен раст и развој, со богато искуство во индивидуален и тимски коучинг, насочен кон градење самосвесност, лидерска зрелост и одржлив професионален развој..

Како обучувач и фасилитатор, има реализирано над 200 обуки на повеќе од 40 различни теми од областа на менаџмент, лидерство и меки вештини, работeјќи со тим лидери, менаџери и извршни тимови од различни индустрии. Неговиот пристап се базира на практична примена, интеракција и реални деловни ситуации, со цел создавање трајни промени во однесувањето и лидерскиот стил и ги комбинира современите HR практики, коучинг методологии и реални организациски предизвици. Неговата мисија е да им помогне на лидерите и организациите да создадат ефективни, мотивирани и одржливи тимови, подготвени за динамиката на модерното работење.

За сите учесници на обуката ќе биде обезбедено:    

  • работни материјали во електронска верзија;
  • ручек и освежување
  • сертификат за учество на обуката.


Сите заинтересирани за учество да се пријават најдоцна до 19 мај 2026 година.


Контакт лица:

м-р Михајло Донев                                                                 

Телефон: 02 32 44 067                                                        

mihajlo@mchamber.mk                                                        

 

м-р Елизабета А. Ефтимова                                                   

Телефон: 02 32 44 074