„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Нови прописи

ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ТЕХНОЛОШКО ИНДУСТРИСКИ РАЗВОЈНИ ЗОНИ, ПО СКРАТЕНА ПОСТАПКА

24.12.2022

 Со Предлог законот за дополнување на Законот за технолошко индустриски развојни зони се врши исполнување на барањето од peer review процесите поврзани со обврските на Република Северна Македонија со Mерката 5 од БЕПС Инклузивната рамка и барањето на Code of conduct групата при Советот на ЕУ. 

Со членот 1 се додаваат четири нови дефиниции, и тоа за: подобни средства за даночно ослободување од данок на добивка по основ на заштитено право од интелектуална сопственост, оправдани трошоци за истражување и развој со цел развивање на заштитено право од интелектуална сопственост, вкупни трошоци за истражување и развој со цел развивање на заштитено право од интелектуална сопственост и вкупни приходи од заштитено право од интелектуална сопственост.
Со членот 2 се додаваат три нови става со кои се регулира ослободувањата и олеснувањата и се дава можност за имплементација на „nexus“ пристапот, односно „nexus“ формулата, воедно и воспоставување на систем за следење на трошоци, приходи и расходи од корисник на зона, а одобрен од Дирекција,која со донесување на подзаконски акт подетално ќе го пропишеначинот и критериумите за воспоставување на тој систем.Понатаму, се дава можност корисник кој оставрил даночна загуба (негативна даночна основа)да ја пренесе истата на дел од добивка во идни даночни периоди која подлежи на ослободување и олеснување, но најмногу три години сметано од година во која е искажана загуба.
Со членот 3 се интервенира во членот 9 и се обврзува пресметката на износот на приходот од нематеријалното средство кој подложи на даночното ослободување, Дирекцијата да ја поднесе до Управата за јавни приходи во определениот временски период. Со членот 3 се интервенира во Надлежностите на Дирекцијата за ТИРЗ и и’ се дава право да врши пресметка на износот на приходот од нематеријалното средство кој подложи на даночното ослободување. 
Со членот 4 се интервенира во членот 12 во надлежностите на ДТИРЗ и се додава обврската за вршење пресметка на износот на приходот од нематеријалното средство кој подложи на даночното ослободување. 
Со членот 5 се уредува донесувањето на подзаконските акти. 
Со членот 6 се уредува влегувањето во сила на законот.
 

Предлог на закон за дополнување на Законот за технолошко индустриски развојни зони, по скратена постапка.pdf