„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Нови прописи

Правила за изменување и дополнување на правилата за балансирање на системот за пренос на природен гас (Службен весник на РСМ бр.20 од 31.01.2023 г.)

01.02.2023

НОМАГАС АД СКОПЈЕ
 330. Врз основа на член 121 став (1) од Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр.96/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија" бр.96/19 и 236/22) и член 20 од Статутот на Акционерското друштво за вршење на енергетска дејност пренос на природен гас НОМАГАС Скопје во државна сопственост (скратен назив: НОМАГАС АД Скопје), по претходно одобрување од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија со Одлука за одобрување на Правилата за изменување и дополнување на Правилата за балансирање на системот за пренос на природен гас, бр.11-207/2 од 30.1.2023 година, Одборот на директори на НОМАГАС АД Скопје на четвртата седница, одржана на 30.1.2023 година, по точка 1 од дневниот ред, донесе
П Р А В И Л А
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛАТА ЗА БАЛАНСИРАЊЕ НА СИСТЕМОТ ЗА ПРЕНОС НА ПРИРОДЕН ГАС
Член 1
 Во Правилата за балансирање на системот за пренос на природен гас („Службен весник на Република Северна Македонија“ 285/2022) во членот 2 точка 12) зборовите „секој поединечен трговец“ се заменуваат со зборовите „секоја БОС“.
Член 2
(1) Во членот 6 по ставот (6) се додава нов став (7) кој гласи: „(7) По исклучок од ставот (6) на овој член трговец, односно снабдувач со природен гас кој што e БОС и кој во последните дванаесет месеци склучил најмалку еден договор за пренос на природен гас од најмалку 20.000 MWh на месечно ниво, финансиската гаранција може да ја обезбеди и со склучување на договорот за балансна одговорност со својство на извршна исправа.“ (2) Ставовите (7), (8) и (9) стануваат ставови (8), (9) и (10).
Член 3
(1) Во Прилог I Методологија за формирање на цени за услугите за балансирање, во член 3 став (3) зборот „продажната“ се брише, а по став (3) се додава нов став (4) кој гласи: „(4) Ако во текот на гасниот месец се активира балансна услуга повеќе од еднаш, цената на природниот гас се пресметува како пондерирана цена од сите продажби односно пондерирана цена од сите купувања на природен гас“. (2) Ставот (4) станува став (5). (3) Во членот 8 став (2) во точката 2) на крајот на реченицата се брише точката и се додава зборот „или“. (4) По точката 2) се додава нова точка 3) која гласи: „3) со склучување на договор за балансна одговорност со својство на извршна исправа.“
Член 4
  1. Одредбите од член 46 став (3) од Правилата за балансирање и член 2 став (9) од Прилог I Методологија за формирање на цени за услугите за балансирање, од Правилата за балансирање на системот за пренос на природен гас започнуваат да се применуваат од 30 април 2023. (2) До отпочнување на примената на одредбата од член 46 став (3), при позитивно отстапување во месецот М финансиската сметка се сведува на нула на петтиот ден од месецот М+1, а при негативно отстапување во месецот М финансиската сметка се сведува на нула на првиот ден од месецот М+1. (3) До отпочнување на примената на одредбата од член 2 став (9) од Прилог I Методологија за формирање на цени за услугите за балансирање, отстапувањата за секој гасен месец подлежат на финансиско порамнување на финансиската сметка на соодветната БОС, а билансот на финансиската сметка се пресметува според формулите:
а.Ако отстапувањето во гасниот месец е позитивно:
CM=ABS(ƩΔD)PpNGB
Б.Ако отстапувањето во гасниот месец е негативно:
CM=ABS(ƩΔD)PnNGB
Каде:
CM-Сума на расчистувањето (clearance) на месечната нерамнотежа, во МКД;
PpNGB-пондерирана цена на природниот гас за балансирање во случај на позитивен дебаланс за месецот М во МКД/MWh
PNNGB-пондерирана цена на природниот гас за балансирање во случај на негативен дебаланс за месецот М во МКД/MWh
ABS(ƩΔD) –сума од дневните апсолутни вредности на утврдените дебалански за месецот М, MWh.
 Член 5
Овие правила влегуваат во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Одбор на директори
                                                                                                                                                                                                     Претседател,
                                                                                                                                                                      Ристо Талевски,