„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка

11.09.2024

 Предлагач: Владата на РСМ

II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на Република Македонија” бр. 98/12, 166/12, 15/13, 170/13, 43/14, 44/14, 97/14, 113/14, 160/14, 188/14, 20/15, 61/15, 97/15, 129/15, 147/15, 154/15, 173/15, 217/15, 27/16, 120/16, 132/16, 35/18, 220/18 и 245/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 180/19, 275/19, 31/20, 267/20, 67/22 и 79/23), ја уредува методологијата по која се усогласуваат пензиите. Според постојното законско решение, усогласувањето на пензијата се врши согласно пропишаната Методологија, со збирот на порастот на просечната плата и порастот на трошоците на живот. Со Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка, се предлага зголемување на пензиите на 1 септември 2024 година и 1 март 2025 година. Ова обезбедува зголемување на животниот стандард и подобар и поквалитетен живот за пензионерите. Со измените и дополнувањата на Законот за пензиското и инвалидското осигурување се врши усогласување со Законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 121/24).