„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по договорот за заем за програмата за обновлива енергија ЕСМ – Компонента II: ФЕ Битола 2 и Компонента III: Ветерен парк Богданци – ФАЗА 2, кој ќе се склучи меѓу кредитната банка за обнова – КФВ и Акционерското друштво за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје, по скратена постапка

13.12.2024

 Предлагач е Владата на РСМ.

II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА НА ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОН Во рамки на Програмата за обновлива енергија ЕСМ ќе се реализира Компонентата II која се однесува на изградба на фотоволтаична електроцентрала - ФЕ Битола 2 и Компонента III која се однесува на дополнително финансирање на проектот Ветерен парк Богданци - фаза 2. Компонентата II - Со изградба на ФЕ Битола 2, се очекува да се добие зголемување на инсталираната моќност од обновливи извори на енергија од минимум 50MW, како и зголемено производство на електрична енергија од околу 90 GWh годишно. Имено, со имплементација на оваа компонента, ќе се зголеми учеството на обновливи извори на енергија во земјата, што ќе придонесе за исполнување на стратешките 5 определби и обврските согласно меѓународните договори за учеството на обновлите извори на енергија. Преку зголемување на учеството на обновливите извори за производство на електрична енергија со овие активности, би се компензирале годишни емисии на CO2, доколку оваа енергија би се произвела од термоелектрани. Компонента III се однесува на потребата од дополнително финансирање на проектот Ветерен парк Богданци - фаза 2, со цел успешна реализација на истиот. Основно начело на кое се заснова овој Предлог на Закон е обезбедување на финансиски средства за да се овозможи финансирање на активностите опфатени со овие две компоненти. Во таа насока, КфВ и АД ЕСМ - Скопје ќе склучат Договор за заем, во износ од 55.000.000 евра, додека Република Северна Македонија ќе ги гарантира обврските кон КфВ преку склучување на Договор за гаранција, меѓу Министерството за финансии и КфВ.