„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
19.12.2024
Надлежно е Министерство за дигитална трансформација
Целите на овој закон се идентификација на секторите од клучно значење за мрежната и информациската безбедност, обезбедување ефикасна заштита и воспоставување високо ниво на сајбер безбедност, со крајна цел заштита, одржлив развој и понатамошен напредок на општеството. Преку транспонирање на Директивата (ЕУ) 2022/2555 (НИС2) во националното законодавство се зајакнува националната отпорност кон сајбер закани. Дополнително, со овој закон се има за цел подобрување на координацијата помеѓу јавните институции, приватниот сектор и меѓународната соработка. Исто така, законот ќе придонесе за јакнење на човечките и техничките капацитети преку соодветни обуки и воспоставување институционална рамка која вклучува надлежни органи за сајбер безбедност, национална стратегија за сајбер безбедност и единствена точка за контакт.