„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
11.03.2025
Надлежно е Министерство за дигитална трансформација.
Со Предлог-законот за Архивски материјал и Архивски дејност се очекува постигнување пошироки општествени цели и тоа, унапредување и стандардизација на процесите на канцелариското и архивско работење, заштитата, чувањето, обработката и користењето на архивскиот материјал, како значајно културно наследство на државата и извор на колективната меморија на целокупното општество. Целта на овој закон е воедначено постапување при канцелариско, архивско работење и уредувањето на електронското архивирање
Во новото законско решение целосно се регулира продукцијата на службени електронски документи, како и чувањето, заштитата и користењето на електронскиот архивски материјал, преку формирање на единствен централизиран информациски систем со унифицирани стандарди за управување со документи, метаподатоци и информации за архивскиот материјал, Единствен национален архивски информациски систем со што на Државниот архив, како сервис на граѓаните, ќе му се овозможи полесно управување со архивските фондови и збирки, а на корисниците ќе им се овозможи полесен, побрз и поквалитетен пристап до јавните документи.
Предлог-законот за Архивски материјал и Архивска дејност во Република Северна Македонија е важен правен акт кој ги уредува правилата и процедурите за управување со архивите, како и за заштита и чување на документи од историски, културен и правен значај. Овој закон има за цел да го унапреди и уредува функционирањето на архивската дејност во земјата, обезбедувајќи стандарди и регулативи кои ќе осигурат заштита на архивските фондови и документите, како и нивна достапност за истражување и јавна употреба, како и ќе овозможи поголема транспарентност, ефикасност и консолидација на архивските ресурси во земјата и нивното електронско работење.