„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за градење, по скратена постапка

09.04.2025

 Предлагач е Владата на РСМ.

 

II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА Целта на овој Предлог на закон е воведување на редовна контрола, а најмалку двапати годишно на правните лица кои се носители на лиценци од областа на градежништвото по однос на исполнетоста на законските услови за поседување на лиценци, како и поголема ефикасност на постапката за одземање на лиценците и овластувањата кои се предвидени со оваа законска регулатива. Начела врз кои се заснова Предлогот на закон се законитост, ефикасност, утврдување на материјална вистина, правна заштита, еднаквост, непристрасност и објективност. Основните решенија се во насока на реализација на наведените цели.