„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за изменување и дополнување на законот за административни службеници, по скратена постапка

10.12.2025

 Предлагачи се група пратеници.

II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА НА ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОНОТ Целта е да се обезбеди дополнителен период во кој јавниот сектор ќе се подготви за успешна примена на Законот за административни службеници од јули 2025 година. Овој Закон за изменување и дополнување на Законот на административни службеници е заснован на начелата на СИГМА за јавната администрација, конкретно начелото 4 – јавните политики да се подготвуваат врз основа на докази и анализи, следејќи јасни и конзистентни правила за подготовка на закон, а законите да се лесно достапни. Имено, следејќи ги доказите и анализите, утврдуваме дека не постојат реални капацитети соодветните одредби од Глава III и Глава XII од Законот за административни службеници да се спроведуваат успешно почнувајќи од 2026 година. Оттука, се предлага нивно дополнително одложување (со исклучок на неколку одредби за додатоци и надоместоци). Следствено, се предлага одложување на рокот за донесување на подзаконските акти бидејќи се потребни подготвителни активности за целосна операционализација на Законот и номотехничко доуредување.