Со Предлог на Законот ќе се овозможи комуналните редари во прекршочна постапка да изрекуваат глоби каде сторители се физички лица, а исто така се предвидува и одредба согласно која ќе се изрекуваат глоби и за правни лица - корисници на услуги. Можност давателите на комунални услуги да ги оправдаат финансиските средства потребни при тековното и инвестиционо одржување на системот кога инфраструктурата е во нивна сопственост.
Намалување на трошоците на давателите на услуги при вршењето на нивните дејности, посебно во снабдувањето со вода за пиење и прочистување на отпадните води, како и давање придонес во зачувување на животната средина со воведување на производство на електрична енергија и поставување на фотоволтаици за искористување на сончевата енергија.