„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
14.05.2026
Предлагачи се група пратеници.
II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА Одложувањето на рокот за примена не се однесува на одредени решенија кои се неопходни за непреченото функционирање на Полицијата, а кои се однесуваат на снимање на јавни места, односно употреба на видео надзор и системи кои коиристат напредна технологија со цел документирање на кривични дела и прекршоци, собирањето и обработката на личните, односно биометриските податоци за потребите на кривичната постапка, постапување по препораки на Европскиот суд за човекови права во делот на овозможување на правен лек против решение на министерот за внатрешни работи со кое одлучува по барање за бришење на податоци од евиденциите на Полицијата и определување конкретни рокови за чување на податоците од евиденциите што ги води Полицијата, усогласување со одредбите од Законот за заштита на личните податоци, како и усогласување на одредбите за засновање на работен однос на полициски службеник со решенијата предвидени во Законот за внатрешни работи.