„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
08.06.2026
Предлагач е Владата на Република Северна Македонија.
II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА НА ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОН Основни цели на Предлогот на закон за дополнување на Законот за градење е усогласување со одредбите од Правилникот за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 225/20, 219/21, 104/22, 99/23, 7/25, 143/25, 241/25, 30/26 и 87/26) и одредбите од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.32/20, 111/23, 171/24, 224/24, 40/25, 101/25 и 127/25), на тој начин што градбите со класа на намена„ Г4.7–Градби за чување и складирање дигитални податоци“ (дата центри) и градбите предвидени со урбанистички план за подрачја и градби од државно значење се предвидуваат како градби од прва категорија. Додека за градбите складишта на електрична енергија со цела пропратна електро-техничка опрема само за потребите и во склоп на постојни објекти за производство на електрична енергија од обновливи извори (ветерна, сончева и хидро енергија) се предвидува постапка за запишување во Агенцијата за катастар на недвижности, се со цел регулирање на имотно правниот статус на истите.