„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
08.06.2026
Предлагач е Владата на РСМ.
II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА НА ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОН Основни цели на Предлогот на закон за изменување на Законот за урбанистичко планирање, по скратена постапка е намалување на роковите при водење на постапките за градбите за производство и складирање на енергија, градбите за чување и складирање на дигитални податоци како и придружните објекти и инфраструктурата кои се неопходни за непречено функционирање на овие градби. Во делот на пренамена на земјоделското земјиште во градежно овој закон упатува на усогласување со Законот за земјоделско земјиште.