„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
08.06.2026
Предлагач е Владата на РСМ.
II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА НА ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОН Со Предлогот на закон се очекува да се обезбеди: 1. долгорочно намалување на зависноста од увоз на енергија и енергенти; 2. зголемување на уделот на ОИЕ во бруто финалната потрошувачка на енергија; 3. зголемување на сигурноста во снабдувањето со енергија на крајните потрошувачи; 4. диверзификација на производството на енергија; 5. постигнување на климатските и енергетски цели за определени периоди од Интегрираниот национален план за енергија и клима; 6. намалување на употребата на фосилни горива и емисиите на стакленички гасови и зголемување на искористеноста на ОИЕ заради заштита на животната средина и ублажување на климатските промени; 7. доделување на мерките на поддршка за инвестиции за производство на енергија од обновливи извори на транспарентен, недискриминаторен, конкурентен, економичен и ефикасен начин, усогласени со стратешко-планските документи од областа на енергетиката; 8. развој на претприемништвото и создавање нови работни места поврзани со производството на енергија од ОИЕ; 9. поддршка на развојот и користењето на нови технологии и поттикнување на потрошувачите за поголемо користење и производство на енергија од обновливи извори за сопствени потреби.