„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
14.07.2026
Предлагачи се група пратеници.
II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за енергетика се темели на истите цели и начела на кои се темели Законот за енергетика (*) („Службен весник на Република Северна Македонија“ брoj 101/25 и 135/25) и со истиот се очекува олеснување на условите за инвестирање во производство на електрична енергија од обновливи извори, воведување на јасна дефиниција за енергетска сиромаштија, флексибилно применување на обврските за складирање на енергија кај државно финансирани проекти, како и обезбедување на правна сигурност и непрекинато спроведување на проектите од Годишниот план за 2025 година.