„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
16.10.2026
Предлагач е Владата на РСМ.
II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА Со овој Предлог на Закон се предлага воспоставување на три вида на портфолија во рамки на задолжителните пензиски фондови: растечко, балансирано и конзервативно портфолио – кои претставуваат посебни делови на задолжителниот пензиски фонд и се разликуваат согласно нивото на инвестиционен ризик и структурата на вложувања. Утврдувањето на видот на портфолио се врши во зависност од возраста на членовите на задолжителните пензиски фондови во задолжително капитално финансирано пензиско осигурување. Со воведување на повеќе инвестициони портфолија со различно ниво на ризичност се овозможува:- Обезбедување поголем очекуван принос за помладите членови на задолжителните пензиски фондови преку повисоко ризични портфолија;- Зголемување на стабилноста за членовите кои се приближуваат кон пензија преку преминување во балансирани портфолија кои комбинираат принос и умерена заштита од пазарни флуктуации, Намалување на ризичноста со приближување кон пензионирање, со цел заштита на досега акумулираните средства преку конзервативни стратегии на инвестирање и минимизирање на можните пазарни шокови во завршната фаза од членството. Предложените законски измени се изготвени врз основа на анализа на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС. На основа на оваа анализа, предлог решенијата за изменување на законската регулатива заради воведување на повеќе инвестициони портфолија изготвени се од работна група, која е формирана врз основа на Заклучокот на Владата на Република Северна Македонија од Шеесет и осмата седница, одржана на 22 април 2025 година. Работната група беше составена од претставници од Министерството за социјална политика, демографија и млади, Министерството за финансии, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС и Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија – ФПИОСМ.