„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОЧЕТОК НА ПРОЦЕСОТ ЗА ПОДГОТОВКА НА ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ТРГОВСКИТЕ ДРУШТВА

12.05.2022

 Со Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва се уредуваат две облсти и тоа принудното купување и продавање акции, или т.н. „истискување“ и холдингот, односно концернот како форми на поврзување на друштвата.

Целта на предложениот текст е во процесот на принудното купување и продавање акции или т.н „истискувањето“ јасно да се пропишат и дефинираат правата и обврските на доминантниот акционер, кои што вклучуваат задолжително купување на акциите од малцинските акционери, односно соодветно да се пропишат правата на малцинските акционери да бараат принудна продажба на нивните акции на доминантниот акционер во законска процедура која обезбедува фер, транспарентен и коректен третман.