„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
12.05.2022
Според Известувањето на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со овој закон се уредуваат риболовните води и риболовот, управувањето и користењето на рибите и другите водни организми, аквакултурата, заедничкото уредување на пазарот на производите од рибарство и аквакултура, надлежните тела, заштитата на рибите и другите водни организми, надоместок на штета и право на отштета, порибување и производство на порибителен материјал како и други прашања од значење во областа на рибарството и аквакултурата.