„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
21.07.2022
Според Известувањето на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, воспоставувањето на квалитетен советодавен систем преку обезбедување совети за правилна примена на законодавството на Европската Унија и националното законодавство во областа на земјоделството и руралниот развој. Советодавниот систем се воспоставува со цел да се подигне и подобри нивото на знаење, вештините и капацитетот на земјоделците во руралните средини, преку обезбедување совети за правилна примена на добрите земјоделски и еколошки практики, како и помош во поддршката за подобрување на конкурентноста во земјоделството и оддржливите земјоделски практики.