На ЕНЕР на 13.03.2023 г. е објавен Нацрт Закон за финансиски инструменти
Со предложениот Законот за финансиски инструменти ќе се постигнат следните цели:
- сите финансиски инструменти што се достапни за инвеститорите на пазарите во Европската Унија ќе бидат предвидени во Законот за финансиски инструменти. Тоа занчи дека, со донесувањето на Законот ќе им се овозможи на инвеститорите од Република Севрена Македонија да може да инвестираат и во понови видови на деривативни финансиски инструменти како емисиони квоти, деривативни инструменти за пренос на кредитен ризик и др. Имено, иако во Македонија нема активен пазар со деривативни финансиски инструменти (фјучерси, опции, емисиони квоти и др.) домашните инвеститори ќе може да инвестираат во деривативни финансиски инструменти кои се креирани и со кои се тргува во странство;
- креирање на инфраструктура на македоснскиот пазар на капитал која ќе кореспондира на инфраструктурата на пазарите на капитал во земјите членки на ЕУ. Новата инфраструктура ќе биде опфатена со Законот и истата ќе се состои од инвестициски друштва (брокерски куќи), даватели на податоци за тргување, пазарниот оператот(берза) и другите регулирани места за тргување како, Мултилатерална платформа за тргување (МПТ) и Организирана платформа за тргување (ОПТ), Централниот депозитар за хартии од вредност и Фондот за обештетување на инвеститори.
- издавaњето на дозволи и овластувања на инвестициските друштва (брокерските куќи), начинот на вршење на дејноста и организиациската поставеност на давателите на инвестициските услуги ќе биде регулирано во согласност со стандардирте на ЕУ;
- вооспоставување на пристап заснован на ризик во делот на капиталните барања за инвестициските друштва. Ова значи дека, колку поголем ризик преземаат инвестициските друштва при вршење на нивните основни и помошни активности, толку поголем основен капитал ќе им биде потребен на инвестициските друштва при нивното основање.
- воведување на нови регулирани пазари, односно платформи за тргување. Имено, освен преку пазарниот оператор (берзата) целта е да се овозможи со финансиски инструменти да се тргува и на други регулирани пазари како што се Мултилатерална платформа за тргување (МПТ) и Организирана платформа за тргување (ОПТ) и Мултилатерална платформа за тргување регистрирана како растечки пазар на мали и средни претпријатија.
- воведување попрецизни и пообемни мерки за откривање и спречување на злоупотреба на пазарот вклучувајќи, јавно обелоденување на инсајдерски информации, известување за трансакции за менаџерите и др. Главна цел на овие мерки е да се зачува интегритетот на пазарот, да се воспостави одговорност од тие кои манипулираат со пазарот и да се обезбеди поголема правна сигурност на пазарот на капитал.
- обезбедување на соодветно ниво на транспарентност на издавачите на финансиските инструменти преку доставување на стандардизарани, споредливи, релевантни и високо квалитетни информации како, годишни и полугодишни финансиски извештаи, обелоденување на доминантните иматели на сите финансиски инструменти кои би можеле да се употребат за стекнување економски интерес во котираните друштва и др. Сето ова со цел, градење одржлива доверба на инвеститорите и интегритет на пазарот во насока на достигнување високи стандарди на транспарентност.
- овозможување да се основаат на пазарот на капитал во РСМ три нови типови на
субјекти (ОМО - овластен механизиам за објавување, ДКП - давтел на консолидирани податоци и ОМИ- овластен механизам за инвестирање), кои ќе можат да бидат лиценцирани да прибираат податоци за реализираните тргувања на пазарот на капитал, кои податоци ќе ги прибираат од регулираните пазари како (пазарен оператот, МПТ и ОПТ и од инвестициските друштва и да вршат услуги на известување за прибраите податоци.
- Надградување на овлсатувањата на Комисијата за хартии од вредност со цел да и се овозможи да ги остварува своите нови задачи поврзани со воведувањето на новите услуги со Законот, новите финансиски инструменти, капиталните барања и условите за однесување на пазарот од страна на учесниците на пазарот на капитал.