„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ПРЕДЛОГ - ЗАКОН ЗА КОНТРОЛА НА ИНДУСТРИСКИ ЕМИСИИ

26.09.2022

 Со овој закон се уредуваат правата и должностите на Република Северна Македонија, на општините, на градот Скопје и на општините во градот Скопје, како и правата и должностите на правните и на физичките лица, во обезбедувањето услови кои се потребни за интегрирано спречување  и контрола на загадувањето предизвикано од индустриски активности, како и во обезбедување услови за спречување, или доколку тоа не е возможно намалување на емисиите во воздух, вода и почва и спречување на создавање на отпад, со цел да се постигне високо ниво на заштита на животната средина како целина, заради остварување на правото на граѓаните за здрава животна средина. 

Oвој закон се применува на:
  • Индустриски инсталации кои вршат дејности или активности утврдени во Глава - IV Индустриски инсталации за кои е потребно издавање на А-интегрирани еколошки дозволи од овој закон;
  • Големи согорувачки постројки утврдени во Глава V од овој закон, одредби кои се вклучуваат во интегрираната еколошка дозвола без издавање на посебни дозволи;
  • Постројки за инцинерација и ко-инцинерација утврдени во Глава VI од овој закон, одредби кои се вклучуваат во интегрираната еколошка дозвола без издавање на посебни дозволи; 
  • Инсталации кои произведуваат титаниум диоксид. За овие активности се пропишуваат посебни барања утврдени во Глава VIII од овој закон, кои задолжително се земаат предвид при издавање на интегрирана еколошка дозвола;
  • Инсталации кои користат органски растворувачи. Овие активности ќе се регистрираат на начин утврден во Глава VII од овој закон, во случаите кога за предметната инсталација не е потребна интегрирана еколошка дозвола;
  • Инсталации кои вршат активности од помал обем (Б-Интегрирани еколошки дозволи) утврдени со прописите од поглавје IX од овој закон.
Предлог - текстот е достапен тука.