„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

НАЦРТ ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА АУДИО И АУДИОВИЗУЕЛНИТЕ МЕДИУМСКИ УСЛУГИ

15.03.2023

 Општата цел на нацрт Законот се промените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ЗААВМУ) за усогласување со Директивата за аудиовизуелните медиумски услуги (ЕУ)2018/1808 и соодветните европски стандарди.

Конкретни цели се:
1. Усогласување на националното медиумско законодавство со регулаторната рамка на ЕУ
2. Обезбедување кохерентност меѓу законодавната и регулаторната рамка и засилување на правната сигурност
3. Засилување на промоцијата на слободата на изразување и медиумскиот плурализам во конвергентното медиумско опкружување
4. Постигнување на поголема конкурентност и одржливост на медиумскиот пазар
5. Засилување на заштитата на потрошувачите, вклучувајќи ги малолетните лица и ранливите групи.
6. Промовирање на саморегулацијата и корегулацијата