„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
Во Здружението на металната и електроиндустријата членуваат околу 150 фирми репрезенти од дејностите :
- производство на метални производи во металопреработувачката фаза, освен машини и уреди;
- производство на машини и уреди, неспомнати на друго место;
- производство на канцелариски и сметачки машини;
- производство на електрични машини и апарати, неспомнати на друго место;
- производство на радио, телевизиска и комуникациона опрема и апарати;
- производство на прецизни медицински и оптички инструменти и часовници;
- производство на моторни возила, приколки и полуприколки;
- производство на други сообраќајни средства.
Основни цели и задачи во работењето на на Здружението се:
- разгледува прашања во врска со унапредувањето на работењето и решавањето на тековните проблеми во дејноста, врши економска пропаганда и организира саеми, изложби, стопански делегации што се од посебен интерес на членовите на Здружението;
- ги усогласува пројавените спротивности и различни интереси во рамките на својата дејност, имајѓи ги предвид и интересите на стопанството во целина;
- усвојува заклучоци и предлага мерки што се од заеднички интерес на членовите, а кои не се во спротивност со позитивните законски прописи и добрите деловни обичаи;
- разгледува предлози на закони и други прописи, дава мислења и предлози по прашања од заеднички интерес на членовите и покренува иницијативи за донесување и за измени и дополнувања на истите;
- иницира и остварува соработка по прашања од заеднички интерес на членовите од други здруженија во рамките на Комората и меѓународна соработка во согласност со прогамските активности и општите акти на Комората;
- работи на унапредување на бизнис-климата во земјата, ги поттикнува имплементацијата на европските правила и стандарди и перманентното функционално образование и иновација на знаењата на стручните кадри од дејноста;
- ја промовира Комората како задолжително, неутрално место за консултирање на бизнисот за сите прашања од интерес на стопанството.
Здружението на металната и лектроиндустријата има Управен одбор од 15 членови чиј мандат е пет години.
Претседател на УО на Здружението е г-дин Орце Давчев, Брако ДОО Велес, а заменик претседател е Горан Антевски, Раде Кончар – ТЕП ДООЕЛ Скопје.
Здружението работи согласно Правила за организација и начин на работа на Здружението на металната и електроиндустријата
Аврам Стојчевски, ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА, Скопје
Бојан Несторовски, СМЕЛТ-ИНГ, Скопје
Васил Панарин, МЕПОС-ОПЕРАТИВА, Кавадарци
Ивица Димоски, МОНТИНГ ЕНЕРГЕТИКА, Скопје
Иле Николов, АКТИВА, Штип
Кирил Кујунџиев, ЕЛТЕК, Скопје
Костадин Николовски, ДАРКОС, Скопје
Марјан Јовевски, ЗЛАТНА РАКА -М, Скопје
Марта Наумовска Грнарова, ЗАВАР КОМПАНИ, Скопје
Мартин Велковски, ФАКОМ, Скопје
Методија Тасевски, ФОД, Битола
м-р Виктор Мизо, КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, Охрид
м-р Горан Антевски, РАДЕ КОНЧАР ТЕП, Скопје
м-р Златко Леов, ЛЕОВ КОМПАНИ ДООЕЛ, Велес
Орце Давчев, БРАКО, Велес
Компаниите од металната и електроиндустријата се од посебно значење за развојот на земјата бидејки нивните производи имаат карактер на трајни потрошни добра и се од инвестиционо значење, а дел од производството е наменето за широката потрошувачка.
Во металната и електроиндустријата застапени се дејностите, производство на метални производи во металопреработувачката фаза, производство на машини и уреди, производство на електрични машини и апарати, производство на моторни возила приколки и полуприколки и производство на други сообраќајни средства и опрема за транспорт.
За развојот на металната и електроиндустријата постојат неколку стратешки документи како што се Индустриска политика на Република Македонија 2009-2020 година и Национална стратегија за мали и средни претпријатија (2018-2023).
Моментално во металната и електроиндустријата инсталирани се повеќе капацитети за преработка на производи со повисока фаза на обработка односно повисок степен на финализација, како што се машини и апарати за филтрирање и пречистување на течност и гас, електроника за автомобилската, авионската индустрија, специјални алатни машини-роботи, челични конструкции, мостови и нивни делови, процесна нестандардна опрема за енергетски објекти, металургија, хемиска индустрија, прехранбена индустрија и друга индустрија, производи за градежништвото,жичани производи, апарати на цврсти горива и камини, апаратиза домаќинството, за хотели и ресторани, медицинска опрема и помагала, енергетска опрема (разни видовина трансформатори, енергетски кабли, колектори за соларна енергија, контактори и релеи), делови за моторни и шинскивозила, стартероловни акумулатори, електроника и делови за автомобилската индустрија, автобуси и комунални возила и друго.
Во фазата на преструктуирање преку процесите на приватизација, како и при странски вложувања преку Greenfield инвестиции во изминатиот период остварени се значајни странски вложувања во кои имаат значително влијание во зголемување на производството и преструктуирање на трговската размена со странство.
Долгогодишните вложувања во домашните компании и новите странски инвестиции во овие гранки овозможија да продолжат позитивните трендови во делот на производствотo и размената со странство. Учеството на овој сектор во структурата на физичкиот обем на индустриското производство за 2021 година е зголемен на 25.14%, а најголемо учество има производството на машини и уреди од 11,64 %.
Во 2021 година остварен е извоз од 2.497.233 САД долари што претставува учество во вкупниот извоз остварен од државата од 30,5% Најзастапени производи во извозот од овој комплекс се електричните машини, апарати и делови и нивните електрични делови (вклучувајќи неелектрични делови на електрични апарати за домаќинство, н.н.) во вредност од 1.186.085 САД долари, како и индустриски машини и опрема за општа употреба во вредност од 982.985 САД долари.
Над 85% од производството во земата се пласира во земјите на ЕУ, поранешните ЈУ-републики, Југоисточна Европа идруги земји, а останатиот дел на домашниот пазар.
Пазарите на Европската унија немаат големи бариери за македонските производи од металната и електроиндустријата, но, како главна пречка што оневозможуваат некои производи од металната и електроиндустријата да влезат на пазарите на ЕУ преставува се уште недоволното ведување на потребните стандарди за безбедност кои се бараат за секој производ. За подобрување на состојбите и остварување на поголемо производство и извоз потребна е погплема поддршка за формирање на овластени и акредитирани лаборатории и тела за оценка на сообразноста од областа на техниката согласно Законот за безбедност на производите кои ќе бидат акредитирани и признати од ЕУ и дополнителна поддршка и поволни кредити од деловните банки, во континуитет за константно инвестирање во знаење, во современа опрема и во развојот на компаните кои се извозно ориентирани.
Во наредниот период потребно е воведување на производство на комплетни готови производи со повисока фаза на обработка кои треба да бидат конкурентни на пазарите со прифатливи цени и рокови.
Неопходна е поголема комуникација и соработка на домашните компании од металната и електроиндустријата со компаниите од индустриските слободни економски зони и компании од ЕУ, со цел најбрзо да се дојде до информации за фирмите и производите од оваа област, а во насока на вклучување на нашите производители како подизведувачи на одредени работи за потребите на тие компании.
Посебно значење оваа дејност обрнува внимание и на недостатокот на стручен кадар со средно и високо образование кој одговара на потребите на странските и домашните компании.
За надминување на проблемот поврзан со недостаток на квалификувана работна сила и нормално работење на компаниите, потребно е во иднина да се посвети внимание на најмладите лица преку едукативни и информативни сесии со цел да се привлечат да се запишуваат во средните стручни училишта, поради што компаниите од оваа дејност се почесто се вклучуваат во коморските активности за промоција и развој на кадар по мерка на бизнисот, односно на промоција и развој на стручното образование.
22.11.2024
Недостигот од стручен и квалификуван кадар, кој ја ограничува натамошната експанзија на индустријата, станува еден од клучните предизвици за компаниите од металната и од електроиндустријата....
18.07.2024
Креирање план за организирање обуки за заварувачи преку Советот за унапредување на квалитетот на тренингот и обуките, во соработка со Бизнис центарот за тренинг и обуки при Комората, беше во...
22.11.2024
Недостигот од стручен и квалификуван кадар, кој ја ограничува натамошната експанзија на индустријата, станува еден од клучните предизвици за компаниите од металната и од електроиндустријата....
18.07.2024
Креирање план за организирање обуки за заварувачи преку Советот за унапредување на квалитетот на тренингот и обуките, во соработка со Бизнис центарот за тренинг и обуки при Комората, беше во...