„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
Групацијата на бањи при Стопанската комора (Катлановска бања, Катланово, Скопје, Негорски бањи, Негорци, Гевгелија, Дебарски бањи - Цапа, Дебар и Цар Самуил, Банко, Струмица), преку своите членки, изразува благодарност до претседателот Азески и Стопанската комора, за поддршката во реализацијата на барањата на бањите (природни лекувалишта), во делот нивелирање на цената на болничкиот ден согласно порастот на трошоците на бањите за секој болнички ден за лицата кои ги користат бенефициите преку Фондот за здравствено осигурување на РСМ и за специјалистичките прегледи. Одлуката е донесена на Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување на РСМ и со директна поддршка на директорот на Фондот Сашо Клековски и важи од четврток 25.6.2026 година.
Во писменото обраќање од бањите доставено до Комората преку претседателот на Групацијата на бањите, стои – „ Како претседател на Групација на Бањи и извршен директор на Негорски Бањи изразувам огромна благодарност до Стопанска Комора за ангажманот и несебичната поддршка во целиот процес кој траеше една деценија, цели 10 години“.
Имено, цената на болнички ден во стационар (сместување, оброци и труд на персоналот) со вклучени здравствени услуги и медикаментозна терапија за хронично болни и продолжено болничко лекување во заводи и специјални болници за пациенти по решение на ФЗОМ, е зголемен 18%, а зголемувањето се должи на зголемените трошоци по сите основи кои ја поскапуваат услугата на бањите и го прави нивното работење нерентабилно. Инаку од 2010 година, болничкиот ден еднаш се зголеми пред три години во 2023 години, за 33%, а сега зголемувањето е за 19% и изнесува 1930 денари надомест на ФЗОРСМ за секој пациент кој добива можност за продолжено болничко лекување преку Фондот. Со тоа трошоците на бањите значително се вклопуваат во импутите и оправданоста на трошоците.
Вториот сегмент е усогласување односно пораст на цените кај "Специјалистички пакети“, каде има 10 различни специјалистички услуги", со 10-тина различни форми и за сите нив цената е за 50% зголемена за секоја од специјалистичките услуги. Кај специјалистичките пакети, цените на се променети 16 години, од 2010 година. Од тие причини ова зголемување има голема важност за бањите и поддршка за можноста за нивен развој и вложување во нови инвестициски активности со цел подигнување на атрактивноста на природните лекувалишта.
Бањите порачуваат во дописот - се надеваме дека ќе продолжиме по истиот пат заедно кон нови успеси.