„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Од здруженијата

Серафимовски во Тема на денот: Дали во градежниот сектор ќе има бум?

16.07.2026

| Новости

 Претседателот на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите, Андреја Серафимовски во емисијата „Тема на денот“ на Македонската телевизија говореше за потенцијалот на домашниот градежен сектор, како и за идните насоки за негов развој.

Тој истакна дека е неопходно домашните градежни компании да бидат директно вклучени во реализацијата на капиталните инфраструктурни проекти, како директни изведувачи и под еднакви, фер и транспарентни услови како и странските стратешки партнери. На тој начин, домашната градежна оператива ќе стане двигател на економскиот развој, ќе ги зајакне своите капацитети и конкурентност, а ќе се создадат и компании способни успешно да настапуваат и на меѓународните пазари.

play.mrt.com.mk/play/595822