„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Најново од комората

Националниот совет за извоз

10.09.2026

| Новости

Билјана Пеева-Ѓуриќ, оперативен директор за претставување на членките и вмрежување

 
Националниот совет за извоз е клучното тело во Стопанската комора кое дејствува како  платформа за јавно-приватен дијалог помеѓу државата и бизнисот. Членови на ова тело се високи раководни лица од Комората, Владата, државни институции и тела, кои што имаат надлежности и вршат активности поврзани со извозот. Со ова тело раководи претседателот на Комората, Азески, а активностите се насочени кон:

1.     конкретна поддршка за извозот преку директни инструменти и мерки поддржани од државниот буџет преку институциите по области и сектори и, генерално, за саемски манифестации и за поддршка на маркетиншки активности;

2.     следење и поттикнување на процесот на намалување на царинските стапки (за одредени тарифни броеви) до нивото на оние кои се пропишани во ЕУ;

3.     дигитализација на процесите на царинското работење;

4.     континуирано детектирање на нетарифните бариери, кои се пречка во севкупното надворешно-трговско работење; 

5.     следење на меѓународната регулатива и влијанието на македонските извозни компании и нивната конкурентност;   

6.     иницирано потпишување на нови билатерални договори за слободна трговија со земји кои можат да станат стратешки пазари за македонските извозници.

youtube.com/shorts/rOxoV5EjPcY