„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Најново од комората

Инфраструктура

18.09.2026

| Новости

Билјана Пеева-Ѓуриќ, оперативен директор за претставување на членките и вмрежување

 

Без развиена транспортна и енергетската инфраструктура, не може да се очекува некаков значителен економски напредок во било која земја.

Сите инфраструктурни проекти не само што го заживуваат градежништвото, туку и другите придружни гранки во државата, меѓутоа тие се и основ за создавање на нови работни места, но и основ за зголемување на БДП.

Што е она што го бара Комората?

Комората бара државата да изгради стратегија за инфраструктурата која ќе биде поддржана од сите чинители и од другите засегнати страни, а Комората се нуди да помогне во подготовката на анализи и во детектирањето на инфраструктурните проблеми во државата.

Комората дефинира три клучни точки за успешно спроведена инвестициска активност во инфраструктурни објекти: 

1.     реализација на капиталните инвестиции;

2.     одговорност за доцнење/ненавремена реализација на инфраструктурните проекти;

3.     децентрализација за рамномерен развој.

Потребен е практичен пристап за искористување на потенцијалот на домашните градежни компании и за обезбедување континуирана работа за нив на инфраструктурни проекти кои се обезбедени од државата, бидејќи тоа е клучот за заживување на сопствената економија.