„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Презентација на чешки фирми од Агро-прехранбениот сектор во Стопанската комора

23.09.2026

| Новости

На 22 септември 2026 година, во Скопје се одржа презентација за поддршка на извозот на чешко производство на храна во Северна Македонија. Презентацијата беше спроведена во рамки на Проектот на економската дипломатија (PROPED), организиран од Трговско-економскиот оддел на Амбасадата на Чешка во соработка со Министерството за земјоделство на Чешка и Стопанската комора на Северна Македонија.

Воведен збор имаа извршниот директор на Стопанската комора на Северна Македонија, Антони Пешев заедно со раководителот на Трговско-економскиот оддел на Амбасадата на Чешка во Скопје, г. Квјетослав Сулек. Македонија и Чешка имаат одлични економски односи, но максималниот капацитет не е искористен и постојат огромни можности за продлабочување и интензивирање на соработката. Енергетиката, инфраструктурата, минералните суровини, туризмот и агроиндустријата се само дел од секторите преку кои двете земји би можеле да ја интензивираат бизнис-соработката. Истовремено, потребно е да се работи и на зголемување на инвестициите каде, исто така, има простор за подобрување.

Потоа, беше прикажан промотивен филм за чешкиот извоз, по што следеа презентации од чешки прехранбени компании. На крајот од воведниот блок, имаше простор за дискусија, за време на која претставници на чешки компании, амбасадата и Министерството за земјоделство (земјоделски дипломат) одговараа на прашања од македонските компании за увоз и дистрибуција. По воведниот дел, се одржаа бизнис- состаноци.

Чешката страна беше претставена од Будејовицки Будвар (презентација на темно и светло пиво), AG Foods и Biogena (инстант кафе и какао за автомати, чаеви, сирупи итн.), Semix Pluso (житарки и здрави прехранбени производи), Simandl (инстант кафе, чоколадо, вегански пијалоци, чаеви) и Rudolf Jelínek (сливовица и други традиционални овошни жестоки пијалаци).

На крајот од семинарот, Будејовицки Будвар подготви специјална презентација, на која пристигна и бренд амбасадор за точење пиво, кој им презентираше на присутните на семинарот различни видови на точење пиво. Презентацијата вклучуваше и дегустација, која ја искористија повеќето учесници.