„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
Во рамки на конференцијата Микробалканс 2026, на 25 септември се реализира „Industry meetup“ на Европскиот дигитален иновациски хаб ДигитМАК, иницијатива насочена кон забрзување на дигиталната трансформација на македонските компании и развој на иновативен и конкурентен бизнис-сектор.
Настанот опфати две интерактивни работилници, за можностите на трансформација на компаниите со помош на дигитализација како и за директно добивање на проценка на дигиталната зрелост на компаниите.
М-р Михајло Донев, дел од тимот на ДигитМак, посочи дека и покрај тоа што Македонија бележи развој на дигиталните вештини, степенот на развој на напредни дигитални вештини е под просекот на земјите од Западен Балкан (WB) и ЕУ. Податоците покажуваат дека Македонија е над просекот во мобилна конективност, но заостанува во делот на фиксна инфраструктура. До 2025 година, 23% од МСП користеле аналитика на податоци, 27% имплементирале услуги во облак, а речиси 6% усвоиле вештачка интелигенција, 50% од малите и средните претпријатија (МСП) имале барем основно ниво на дигитален интензитет во 2025 година, создавајќи цврста основа за понатамошно технолошко прифаќање. Најдобри резултати, малите и средни претпријатија бележат во дигитализација на продажните процеси, гледано низ призма на раст на е-трговијата, при што 23% од МСП продавале онлајн во 2025 година, остварувајќи речиси 9% од својот вкупен промет. Тој ги запозна учесниците и со активностите на проектот ДигитМак, презентирајќи го патоказот кој еден клиент го започнува во комуникација со проектот:
1. проценка на потреби – во комуникација со компаниите се идентификуваат конкретни потреби и се прави анализа на потребите
2. Преку алатката DMA се врши оценување на дигитаната подготвеност на компанијата и се генерира персонализиран извештај.
4. Се имплементираи се обезбедува испорака на дигитални решенија соглано дефинираните активности од акцискиот план.
Во продолжение на настанот следуваше и панел дискусија за иднината на дигиталната трансформација во Македонија во која со учеството на м-р Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација на Република Северна Македонија, проф. д-р Петре Ламески, координатор на ДигитМАК, Едмира Хани, раководител на сектор за претприемништво и меѓународна соработка во ИНОВА и проф. д-р Димитар Трајанов, координатор на Фабриката за вештачка интелигенција „Везилка“ се дискутираше за премостување на јазот помеѓу националните стратегии за е-влада и реалните потреби на бизнисот, улогата на Европскиот дигитален иновациски хаб - ДигитМАК (EDIH DigitMak), интеграцијата на современите технологии во деловното опкружување, како и отворањето нови можности за компаниите, финансиско-технолошкиот сектор и небанкарските финансиски друштва.
Клучните пораки од панел дискусијата насловена: „Дигитална Македонија, иднината на финансиските услуги: ДигитМАК како предводник на дигиталната иднина“ кои беа пренесени пред аудиторимот се дека дигиталната трансформација е процес кој како и во секоја промена, наидува на отпор и е потребно време за нејзино прифаќање, колку побрзо биде прифатена толку побро ќе се почуствуваат користите од истата. Министерот Андоновски се осврна на напорите на Владата за доследно спроведување на Стратегијата за дигитална трансформација и обезбедување на институционална дигитална структура, што на фирмите ќе им обезбедува брз пристап до услугите. Тој додаде дека за таа цел преку Министерството се обезбедува поддршка која Европските дигитални иновациски центри ја транспонираат кон малите и средни компании, а во овој домен Комората има клучна улога во анимирање, информирање и подготовка на компаниите кон дигитална трансформација.
Идеајата на процесот на дигитална трансформација е да се искористи за идентификување на слабостите во таа организација и нивно надминување преку дигитализација на процеси, додека крајната фаза на нашите активности е интегрирана примена на вештачка интелигенција како највисоко ниво на дигитална трансформација на една организација, било да е тоа компанија или институција, истакна проф.д-р Ламески. Пристапот на ДигитМак низ трите столба – Обучи, Дигитализирај, Финансирај, е наменски структуриран за да обезбеди конкретна поддршка низ патоказот на компаниите, за да овозможи да се направи вистински исчекор на домашните компании кон напредни дигитални решенија.
На панелот се говореше и за институционалната поддршка на компаниите за пристап до финансии за реализација на клучни инвестиции во доменот на зелена и дигитална трансформација, кои се во фокус на ИНОВА, преку механизмот Green Business Facility. Претставникот од ИНОВА, г-ѓа Хани, истакна дека активностите за проценка на дигиталната подготвеност на компаниите и патоказот за дигитална трансформација, кои ќе се испорачуваат преку ДигитМак се важен инпут во насочување на средствата на Агенцијата кон креирање на конкретни мерки и политики за поддршка на на приватниот сектор, за имплементација на активности во областите и секторите дефинирани во патоказите за дигитална трансформација.
Проф. д-р Трајанов, се осврна на дигиталниот парадокс на Македонија, презентирајќи податоци кои покажуваат високо ниво на развиеност на ИКТ секторот во Македонија по глава на жител, кој е во подобра позиција од просекот на ЕУ по глава на жител, за разлика од степенот на дигитални вештини каде како држава сме под просекот на ЕУ. Таква е ситуацијата и на генерално ниво доколку се гледа степенот на дигитализација на Македонија во споредба со ЕУ. Затоа, посочи проф.д-р Трајанов, дека ваквите иницијативи како што се ДигитМак, АИ фабриката Везилка и EuroCC Centar се особено значајни за да се надмине овој јаз. Македонија мора активно да работи на градење сопствени модели на вештачка интелигенција и дигитална инфраструктура, со цел да го зачува националниот дигитален суверенитет. На крајот упати апел дека нема потреба да се плашиме од вештачката интелигенција, туку да се насочиме кон доследна примена на правилата и стандардите за да осигураме безбедност на податоците кои ги обработуваме.
Industry meetup на ДигитМак настанот се одржа во рамки на Конференцијата Микробалканс 2026 која обедини повеќе од 200 учесници од банки и небанкарски финансиски институции, финтек и регионални технолошко-информатички компании, инвеститори и развојни финансиски институции, стартапи и технолошки компании, микро, мали и средни претпријатија, како и меѓународни и регионални организации.
ДигитМАК претставува платформа за поврзување на бизнис-секторот, академската заедница и јавниот сектор, со цел компаниите да добијат пристап до знаење, експертиза, технологии и поддршка за воведување дигитални решенија, вклучувајќи ја и вештачката интелигенција.