„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
Членките на Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија упатуваат искрена благодарност за поддршката на претседателот на Комората Брако Азески, и личниот ангажман во реализацијата на МикроБалканс 2026.
Во писмото упатено до претседателот Азески стои:
|
Особено го цениме тоа што уште од самиот почеток ја препознавте идејата и потенцијалот на MicroBalkans и дадовте поддршка оваа иницијатива да излезе надвор од рамките на Групацијата и да се развива како регионална платформа за финансискиот сектор и деловната заедница во Западен Балкан. Вашиот личен ангажман, поддршката во воспоставувањето контакти со релевантни институции и партнери, како и Вашата поддршка во обезбедувањето видливост на иницијативата, беа особено значајни во процесот на подготовка и реализација на конференцијата. Тоа ни овозможи полесно да го позиционираме МикроБалканс како платформа која ги надминува границите на една индустрија и отвора простор за поширок регионален дијалог. Особено ни значеше и Вашето присуство и поддршка во текот на конференцијата, со што испративте јасна порака дека прашањата поврзани со пристапот до финансии, развојот на финансискиот сектор и создавањето подобри услови за компаниите се важни и за деловната заедница и за Стопанската комора. Овогодишното издание, со повеќе од 250 учесници од над 15 земји, покажа дека MicroBalkans има потенцијал да прерасне во долгорочна регионална платформа за размена на искуства, поврзување и иницирање конкретни активности. Веруваме дека без Вашата поддршка и препознавање на значењето на оваа иницијатива, патот до ова ниво ќе беше значително потежок. Затоа, Ви благодариме не само за институционалната поддршка, туку и за личниот ангажман, довербата и подготвеноста да застанете зад МикроБалканс 2026 и да помогнете да прерасне во значаен регионален настан. Со увереност дека МикроБалканс ќе продолжи да се развива и во следните години, Ви благодариме за досегашниот придонес и поддршка. Со почит и благодарност,
Никола Јошевски, претседател Групација на небанкарски финансиски друштва |