Стопанска комора на Северна Македонија како мост помеѓу работодавачите и средните стручни училишта, во рамки на своите активности особено внимание посветува и на учениците кои со изборот на стручно образование и обука кариерно се насочуваат и профилираат согласно потребите на бизнисите. Токму таков кадар продуцира и СГГУС „Здраво Цветковски“ од Скопје чии ученици – идните градежници во земјата беа гости во Стопанската комора на Северна Македонија.
На средбата во Комората, пред учениците се обрати м-р Михајло Донев, в.д. оперативен директор за иновации, развој и знаење кој ги запозна со коморското работење, тековните активности на комората, како и дигитализацијата, на која Комората посветува особено внимание. За важноста на дигитализацијата и потребата од нејзин продор во градежниот сектор, пред учесниците беше презентиран проектот „Дигиталната трансформација се пробива кон бизнисите – развој на клучни индикатори за перформанси за зголемување на продуктивноста на секторот” DIG-IN-KPI“ кој има за цел да поттикне поголемо ниво на дигитализација во градежништвото, преку креирање на алатки за самоевалуација и идентификување на степенот на дигитализација на секоја компанија.
Потребата од дигитални вештини се повеќе се наметнува, а оттука ваквите средби имаат за цел да размена на мислења за реалната состојба во секторот градежништво по однос на дигитализацијата, која е важна како во стручниот образование процес, така и во работните процеси на секоја градежна компанија.
Ученците од трета година имаа можност да се запознаат одблиску и со работата на Здружение на градежништвото индустријата на градежни материјали и неметалите.
Преку интерактивна презентација Сашка Велков, координатор на Здружението, ги запозна учениците со важноста на секторот за развој на домашната економија, но и со актуелните трендови во градежништвото, примената на современи технологии од генерацијата 4.0 и енергетски ефикасни материјали кои стануваат се повеќе употребувани во градежните зафати, без оглед дали станува збор за нискоградба или високоградба.
Согласно наставната програма која нуди Средното градежно училиште „Здравко Цветковски“ од Скопје во тригодишното стручно образование со образовните профили: Монтер за сува градба и Поставувач на подови и плочки, како и образовните профиливо четиригодишно стручно образование: Архитектонски техничар, Техничар дизајнер за внатрешна архитектура, Градежен техничар и Геодетски техничар е единствениот градежен училишен центар во државата кој обезбедува 6 образовни профили од градежно-геодетската струка. Професорите информираат дека учишниот центар располага со 7 училници опремени со компјутери, во кои дел од училниците има ЛЦД проектор, но според нив најголем предизвик претставува издавањето на учебниците за модуларно дизајнираните наставни програми, тие исто така изразија желба за уште поголема вклученост на компаниите во дуалното образование, за што Комората ќе обезбеди поддршка во редот на компаниите-членки од секторот градежништво.
Стопанската комора на Северна Македонија, преку своите активности во доменот на образование е отворена за соработка со образовните институции и силно посветена на нивно вмрежување со компаниите во насока на создавање на квалитетен стручен кадар, а несомнено дигитализацијата е исто така важна во градењето на каадр кој е во тек со новите трендови и потреби на едно современо работно место.