„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

НА РАБОТЕН СОСТАНОК ВО БРАКО, СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЗДРУЖЕНИЕТО ЗА МЕТАЛНА И ЕЛЕКТРОИНДУСТРИЈА

26.06.2023

Работна посета во Брако - Велес со г-дин Орце Давчев, Претседател на Здружението за ментална и електроиндустрија при Стопанската комора на Северна Македонија, и Марта Наумовска Грнарова, управител на Завар Компани, со заеднички планови за идните активности.
Во рамки на работниот состанок г-дин Давчев и г-ѓа Грнарова истакнаа заедничките планови и визии за идните активности на Здружението во областа на промоција на нови технологии, проширување на пазарот и активности во образованието на младите инжинери.
Во текот на посетата, домаќинот Брако - Велес ги претстави најновите технологии и иновации во областа на менталната и електроиндустрија, што и обезбедува на компанијата во оваа индустрија конкурентна предност на македонскиот пазар. Гостите имаа можност да се запознаат со најдобрите практики и искуства на успешни компании во секторот, како и да разговараат со стручните тимови за идни проекти и иницијативи.
Се разговараше и за конкретни планови за идните активности и намера за поинтензивна соработка. Крајната цел е поддршка на растот и развојот на индустријата, како и обезбедување повеќе можности за младите професионалци да стекнат релевантни вештини и знаења.