„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

"ЕКОЛОШКА ТАКСА ЗА МАСЛА – ЗАКОНСКИ ОБВРСКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО МАСЛА И ОТПАДНИ МАСЛА"

16.02.2024

ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА

Стопанската комора во соработка со компанијата колективен постапувач за масла, Еко Флуид организираа панел дискусија со цел преку учество на релевантните надлежни институции (министерството за животна средина, Државниот инспекторат за животна средина, Царинската управа, Бирото за јавни набавки), да се добијат подетални и конкретни информации за примената на Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебни текови на отпад и Законот за управување со дополнителни текови на отпад.

Идејата на настанот на кој присуствуваа над 100-тина компании од различни дејности засегнати од примената на овој закон беше преку панел дискусијата да се иницираат одговори на прашања околу: начин на пријавување на количините на масла; пресметување на еколошката такса во вкупната цена на производот; сите законски обврски на производителите и многу други точки поврзани со законските обврски, за кои компаниите во изминатиот период иницираа серија активности.
Кон крајот на минатата година пред само два месеца од почеток на имплементација на Законот за управување со дополнителни текови на отпад на иницијатива на група увозници на масла, на фирми членки на Комората корисници на овој производ и на компанијата Еко Флуид, која во тој момент сеуште немаше лиценца за колективен постапувач, се иницираше измена на Законот со цел намалување на еколошката такса за масла, бидејќи по направените пресметки и проценки во компаниите се подготви анализа, колкави ќе бидат дополнителните трошоци за компаниите што како краен негативен ефект ќе се одрази врз цената на крајните производи, а тоа може да биде на штета на вкупната економија од повеќе аспекти.
За таа цел во декември 2023 година Стопанската комора инцираше и реализираше  состанок во министерството за животна средина со група компании членки (сериозни големи компании чие влијание врз вкупната економска активност има големо значење), и по исцрпната дискусија и аргументрање на фактите, се дојде до заедничко решение, министерството за животна средна на инцијатива на министерката Шукова да иницира измена на Законот за управување со дополнителни текови на отпад, со што максималната цена на еколошката таска за отпад од 150 денари да изнесува не повеќе од 75 денари. Ваквата измена сега е во Собраниска процедура.
На панел дискусијата во Комората, министерката за животна средина Каја Шукова ги информираше учесниците за примената и обврските што произлегуваат од  Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебни текови на отпад и Законот за управување со дополнителни текови на отпад и за можноста сите предлози, иницијативи, сугестии од примена на законската регулатива во следниот период да бидат предмет на заедничко следење со цел соодветна примена на регулативата.  

ЕКО-ФЛУИД, како прв лиценциран колективен постапувач за управување со масла и отпадни масла, неуморно се труди да ги заштити интересите на производителите и да обезбеди ефикасно и одговорно менаџирање на отпадните масла, посочи на отворањето директорот Бесник Адеми. Ние, како прв колективен постапувач, сме предизвикани да ги интегрираме новите правни рамки. Нашиот напор не се ограничува само на спроведување на законот, туку и на воспоставување на ефикасен систем за собирање и третирање на отпадните масла, како и креирање на една одговорна и еколошка свесна заедница, истакна Адеми. Истовремено посочи и дека, преку организирање на ваков настан мисијата на колективниот постапвач е да им гарантира на увозниците на масла одговорно, ефикасно и најповолно менаџирање на нивните отпадни масла кои ги пуштат на пазарот, во согласност со законските регулативи.

Законите мора да бидат применливи и  да одговараат на потребите на засегнатите страни, но не на штета на животната средина, беше констатирано на крајот на панел дискусијата.

Од настанот произлегоа серија предлози кои со систематизирање преку службите на Комората во следниот период ќе бидат преточени и во иницијативи за измени и дополнување на законската регулатива со цел креирање соодветно поволно бизнис окружување.