„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

УСПЕШНО СТРУЧНО ОБРАЗОВAНИE САМО АКО СЕ СЛУША ГЛАСОТ НА БИЗНИСОТ

16.02.2023

Швајцарска уписна политика е јасна – детето за да се запише во средно училиште, мора да добие првично одобрување од компанијата каде би се вработил.

Во рамки на проектот Образование за вработување Е4Е кој се реализира со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка (имплементиран од Хелветас Северна Македонија, Стопанската комора на Северна Македонија и невладината МЦГО), се одржа работилница со компании членки на Комората, со акцент на улогата на компаниите и асоцијациите, здруженијата и другите форми на бизнис здружување  во креирање образовен модел по терк на бизнисот.

На работната средба претставници од 10 компании, ПКБ АД Скопје, Брако, Завар Компани, КАЗ Груп,  Бранко Гапо,  Гео-инг од Скопје, Агро глобал трејд, дискутираа за успешните практики и процедури од примена на дуалното стручно средно образование во Швајцарија со активно вклучување на професионалните здруженија согласно швајцарскиот систем на стручно образование, презентирани од страна на Мариане Милер (Marianne Müller), проектен менаџер за меѓународни односи и истражување од Швајцарска федерација за образование на возрасните – SVEB. Македонскиот модел и поставеноста на функционирањето и вклученоста на бизнис секторот во македонскиот образовен систем го презентираше м-р Наташа Јаневска од Комората.

Целта на состанокот беше преку интерактивна дискусија македонските компании и претставниците на здруженијата при Комората да дадат свое видување за актуелните состојби, вклученоста во креирањето на образовни политики, успешноста на моделот и потребата од негово прилагодување согласно бизнисот. Во своите излагања како клучен проблем компаниите го истакнаа  недостигот и немањето начин како да се стигне до потребен кадар воопшто без да се зборува за потребни квалификации. Одливот на работна сила е се поактуелен на сите нивоа и земјата се соочува со недостиг од секаков вид на кадар, беше општата констатација. Неколку клучни поенти кои ги нотираа компаниите беа:

- Државата да даде комплетна поддршка на процесот на комплетно стручно образование. Во таа насока размислувањата се дека е потребно да се поддржи финансирање на стручно образование наспроти гимназиско врз основа на вработливост.
- Практичната обука во фирмите освен што е задолжителна да биде контролирана, а учениците а тоа да добиваат сертификат. Да се направи и поголема контрола, професорите за пракса од училиштата да бидат континуирано присутни при реализирање на практичната бука во компаниите.
- Не постои начин како да се задржат потенцијалните работници и ученици иако истите и се стипендираат или се вложува во нив за преквалификација или доквалификација
- Се иницираат и предлози како системски да се уреди веќе пензионирани работници да може да се вратат во производните процеси како ментори (бидејќи станува збор за кадар обучен во исклучително професионални услови во минатото и со систем на функционирање кој има стандарди), а и учениците кои се само на пракса без договор за вработување да влеат во системот на заштита при работа кој третира само работници кои се во работен однос. Ова е важно заради случаи при потврда од работа за кои компаниите имаат големи одговорности и се подложни на високи износи на казни и кривични постапки.

За сите овие констатации во следниот период активно ќе се работи на поддигнување на капацитетите на бизнис делувањето но и на се поголемо вклучување на компании кои имаат потреба од стручен кадара во своите работни процеси.