„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Благодарност од премиерот Мицкоски до претседателот на Стопанската комора Азески

05.08.2024

„Вашето искуство и експертиза ќе бидат од непроценливо значење во обликувањето на политиките кои поттикнуваат раст и развој. Заедно можеме да се движиме низ предизвиците и да изградиме просперитетна економија за нашата држава“, стои во писмото што премиерот го испрати до претседателот на Комората, Бранко Азески.

 Премиерот на Република Северна Македонија, проф. д-р Христијан Мицкоски, му испрати писмо на претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески во кое изразува благодарност за честитките што Азески ги упати по повод неговото неодамнешно именување за претседател на Владата.

Во писмото, премиерот Мицкоски истакнува дека е подготвен да ја зајакне соработката со Стопанската комора, нагласувајќи ја важноста на заедничката визија за просперитетна економска иднина. Според него, континуираното партнерство и заедничките напори се клучни за обликување на политики што ќе придонесат за економски раст и развој на државата.