„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Претседателот Азески и реномирани претставници од бизнисот присуствуваа на ЕКСКЛУЗИВНИОТ ГАЛА-НАСТАН: „ЖЕНИТЕ НА ПУЧИНИ“ организиран од Националната опера и балет

20.11.2024

Поддржувајќи ја македонската култура и идентитет, во соработка со Националната опера и балет,  Стопанската комора на Северна Македонија со своето присуство на Гала настанот „ЖЕНИТЕ НА ПУЧИНИ“ , организирано по повод 100 години од смртта на големиот италијански композитор Џакомо Пучини, придонесе за создавање нови програми што ќе им овозможат на илјадници луѓе да ја доживеат сценската уметност во нејзиното најдобро издание.

Како гости на Стопанската комора, во друштво на претседателот на Комората, г. Бранко Азески и потпретседателот, г. Зоран Јовановски, присуствуваа и видни личности од бизнисот и еминентни странски претставници на донаторските организации, поддржувачи на македонската економија и бизнисот, кои во континуитет ја поддржуваат Стопанската комора во реализирање на стратешките приоритети, креирање на нови алатки и јакнење на капацитетите за испорачување на сервиси на компаниите кои значат јакнење на конкурентните способности на самите компании и економијата во целина.

Проследувајќи ја изведбата на 12 незаборавни арии од Пучини, претставниците на комората имаа можност да ја посетат и  изложбата „Пучини низ историјата на МОБ“, која го слави неговото богато наследство.