„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
18.12.2024
Синоќа во Солун беше остварена средба меѓу претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески и претседателот на Унијата на трговско-индустриските комори на Грција, Јоанис Масутис. На средбата се апострофираа неколку клучни точки кои се приоритети во соработката меѓу двете земји, а кои се однесуваат пред сè на продлабочување на соработката преку подобра инфраструктура и пофункционално вмрежување на компаниите од двете земји. Беше подвлечено и дека Солунското пристаниште е точка на спојување на бизнисите и Грција сноси огромна одговорност за негово нормално функционирање.
На состанокот со Масутис, освен за продлабочување на соработката меѓу Грција и Северна Македонија, претседателот Азески разговараше и за актуелните прашања од економското опкружување на земјите од Балканот вклучувајќи ги и перспективите на балканските земји за приклучување кон Европската Унија, како и прашањето за трговската и економската интеграција на земјите од регионот.
АБК-Асоцијацијата на балканските комори е здружение на 11-те стопански комори од Балканскиот Регион кое годинава одбележува 30 години од своето постоење. Целта на Асоцијацијата е создавање интеграција и развој на стопанската соработка во регионот.
Членки на АБК, покрај Стопанската комора на Северна Македонија се и Стопанската комора на Албанија, Стопанската комора на Бугарија, Надворешно-трговската комора на БиХ, Стопанската комора на Црна Гора, Унијата на трговско-индустриските комори на Грција, Стопанската комора на Кипар, Стопанската комора на Романија, Стопанската комора на Србија, Унијата на коморите и стоковите берзи на Турција и Стопанската комора на Косово.
* Вкупната трговска размена на Република Северна Македонија со Република Грција за периодот јануари-октомври 2024 годинаизнесува 1,15 милијарда САД $, со пад од 7,3% во однос на истиот период од 2023 година.Притоа за овој период, остварен е извоз во вредност од 251 милиони САД $, со пад од 10.4%, додека, пак, увозот изнесува 896,3 милиони САД $, со пад од 6,3% споредено со истиот период од 2023 година.Во вкупната надворешно-трговска размена на Република Северна Македонија со Република Грција за периодот јануари-октомври 2024 годинаостварен е трговски дефицит од 645 милиони САД $.
* Вкупната трговска размена на Република Северна Македонија со Република Грција пак за 2023 година изнесува 1,46 милијарди САД $, со пад од 17.7 % во однос на 2022 година. (најмногу поради падот на цените на енергенсите).Притоа за 2023 година остварен е извоз во вредност од 331,2 милиони САД $, со пад од 3,3 %, во споредба со 2022 годинадодека, пак, увозот изнесува 1,13 милијарди САД $, исто така, со пад од 21,1 % споредено со 2022 година. Во вкупната надворешно-трговска размена на Република Северна Македонија со Република Грција за 2023 годинаостварен е трговски дефицит од 797 милиони САД $.
Република Грција ѝ е трет трговски партнер на Република Северна Македонија за 2023 година а за 10 години заклучно со 2023 година вкупните инвестиции од Грција во Северна Македонија изнесуваат 445 милиони евра, што значи дека Грција е еден од нашите најголеми инвеститори и трговски партнери.