„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
18.02.2022
Коморскиот инвестициски форум на шесте земји од Западен Балкан (КИФ ЗБ6) ги кани малите и средните претпријатија (МСП) да бидат дел од заедничка делегација од 30 избрани компании од Западен Балкан што ќе учествува на „23от Меѓународен бизнис саем во Мостар“ од 5 до 7 април 2022 година.
„23от Меѓународен бизнис саем во Мостар“ што ќе се одржи во периодот од 5 до 9 април 2022 година, е една од најважните саемски манифестации во Босна и Херцеговина по бројот на изложувачи и посетители. Мостарскиот саем е дел од мрежата на Здружението на изложувачи од југоисточна Европа (ЕАСЕЕ).
Унгарија како земја-партнер на овогодинешниот саем, ќе ги претстави своите економски потенцијали и можности за соработка. На саемот ќе учествуваат голем број изложувачи од целиот свет, а истиот ќе биде збогатен со мошне важни конференции, на регионално и меѓународно ниво, Б2Б-средби и образовни настани, нудејќи им на учесниците единствена понуда и комбинација од саемски и конференциски настани на едно место. Планирани се и тематски денови, а секој од нив ќе понуди придружна содржина поврзана со одреден сектор од економијата, што ќе им донесе уште подобра можност на учесниците да одржат конкретни деловни состаноци и да го подобрат бизнисот.
Настанот претставува одлична можност за компаниите од регионот да ги претстават своите производи, да истражат нови извозни можности, да ги зајакнат постојните и воспостават нови деловни односи со партнери од земјите на западен Балкан но и со партнери од други земји.
Коморскиот инвестициски форум на шесте земји од Западен Балкан (КИФ ЗБ6), фокусирајќи се на поддршката за воспоставување Заеднички регионален пазар на Западен Балкан, ја подготви Програмата за развој на снабдувачи, со цел да овозможи учеството на МСП во регионалните и мултинационалните синџири на снабдување и да се воспостават нови регионални партнерства меѓу компаниите од ЗБ6.
Во рамки на проектот „Поддршка на ЕУ за КИФ ЗБ6“, на претстојниот саем предвидено е бесплатно учество на 30 одбрани МСП од Западен Балкан (по 5 компании по економија) од земјоделскиот и земјоделско-прехранбениот сектор. Компаниите ќе имаат можност да бидат дел од заедничка регионална делегација, придружувани од 6 големи малопродажни синџири/дистрибутери што се заинтересирани за пронаоѓање потенцијални снабдувачи од овој сектор.
Што добиваат избраните компании бесплатно од оваа програма?
Заедничка посета и учество на Меѓународниот бизнис саем во Мостар од 4 до 9 април 2022 година;
Можност да ги претстават своите печатени промотивни материјални на заедничкиот штанд на КИФ ЗБ6 за време на Саемот (мали печатени промотивни материјали т.е. летоци и брошури, а бројот на дозволени производи е ограничен);
Можност за средба со шесте големи малопродажни синџири/дистрибутери (1 од секоја економија од ЗБ6) што ќе учествуваат во програмата;
Учество во Б2Б-средби со потенцијални партнери;
Учество на обуки по мера за одржливо производство и потрошувачка на храна согласно со стратегиите и стандардите на ЕУ;
Хотелско сместување за 1 личност од компанијата за 3 вечери (пристигнување на 4 април, заминување на 7 април 2022 година);
Организиран транспорт за компаниите надвор од Босна и Херцеговина;
Учество во заедничките настани за вмрежување со сите компании и со дополнителни потенцијални деловни партнери од ЗБ6 и странство организирани од страна на КИФ ЗБ6;
Медиумска покриеност:
- Подготовка на заеднички дигитален каталог од сите компании/производи врз основа на материјалите доставени од компаниите.
- Промоција на настанот и компаниите/производите преку промотивна кампања подготвена по мера.
Кои се критериумите?
- Да сте регистрирани во една од шесте економии на Западен Балкан: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија.
- Да сте мала или средна компанија регистрирана за земјоделски или земјоделско-прехранбени дејности.
При процесот на избирање, приоритет ќе се даде на компании што се занимаваат со производство на органска храна и циркуларна економија во земјоделскиот сектор и коишто имаат креирано профил во Базата на податоци на КИФ ЗБ6 за пристап на пазари https://www.market-access.wb6cif.eu/. Исто така, еден од приоритетите е промотивните материјали (пe-дe-eф каталог, леток и/или видео-презентација) да бидат вклучени во образецот на апликацијата.
Крајниот рок за поднесување на апликацијата и придружните документи е 4 март 2022 година, до 12:00 часот. Списокот на избрани компании ќе биде објавен на веб-страницата на КИФ ЗБ6 до 7 март 2022 г.
Доколку имате дополнителни прашања, контактирајте ја г-а Анѓела Рајиќ на е-пошта: andela.rajic@komorabih.ba и г-а Станислава Перишиќ на е-пошта: stanislava.perisic@komorabih.ba.