„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Семинар

Дводневен семинар на тема: РАЗВОЈ И РАКОВОДЕЊЕ СО ИНОВАЦИИ И КРЕАТИВНОСТ Кои се можностите за развој на иновации за мали и средни претпријатија и нивно финансирање од програми на ЕУ (Хоризонт Европа, Дигитална Европа и SMP (ex. COSME)

27.06.2024 - 11.07.2024 , Семинар

Сала 53 на 4-ти кат, Стопанска комора С.Македонија

Стопанската комора на Северна Македонија на барање на голем број на компании на 10 и 11  јули 2024 година организира дводневен семинар на тема: РАЗВОЈ И РАКОВОДЕЊЕ СО ИНОВАЦИИ И КРЕАТИВНОСТ -  Кои се можностите за развој на иновации за мали и средни претпријатија (МСП) и нивно финансирање од програми на ЕУ (Хоризонт Европа, Дигитална Европа и Програмата на единствениот пазар (SMP, поранешна COSME)).
Целта на семинарот е учесниците идни апликанти на проекти од мали и средни претпријатија (МСП) да се запознаат со начините како да започнат процес на иновирање на постојни или целосно нови производи/ услуги – и да превземат од постепени до вистински трансформациски иновации. 
Учеснциите ќе бидат во ситуација да дојдат до идеја за развој на иновацсики продукти и услуги и каде за истите да обезбедат средства од грант програмите на ЕУ (Хоризонт Европа, Дигитална Европа и SMP (ex.COSME) и други донаторски програми.

ПРОГРАМА 
10:00-12:00 часот
  • Концепт на создавање иновации. Design Thinking начин на размислување и делување;
  • Фази на развој на иновациски продукт. Модели на дефинирање Вредносен Предлог и можности за креирање на иновациски прототип
12:00-12:30 часот – пауза за ручек
12:30-13:30 часот
  • Воведна сесија за презентација на програми за финансирање на мали и средни прептријатија (МСП) од фондови на ЕУ: повици, правила и начин за аплицирање отворени програми во 2024: (Хоризонт Европа, Дигитална Европа и програма на единствениот пазар (SMP)) 
13:30-13:45 часот – кафе пауза
13:45-15:00 часот
  • Презентација на три грант програми за мали и средни компании на 
  • Европскиот Иновациски совет (EIC) на Хоризонт Европа (Pathfinder , Transition  и Accelerator (ацелераторската програма), преставување на критериуми за подобност (кој се’ можe да учествува, општи правила), купувачи;
  • Прашања и дефинирање на следни чекори;
10:00-12:00 часот
  • Структура на проект за прва фаза на аплицирање  на EIC Accelerator. Подготвување на посебните делови на предлог проект за EIC на ХЕ:
* Дел 1 - извонредност
1.1. Предизвик и решение
1.2. Приод
* Дел 2 - Влијание
2.1. Влез на на пазарот
2.2. Бизнис модел
2.3. Финансирање
2.4. Интелектуална сопственост (ИС) и правна рамка.
12:00- 12:30 часот – пауза за ручек
 12:30- 13:30 часот
  • Подготвување на посебните дeлови на успешен предлог за подготовка за EIC на ХЕ:
* Дел 3 - Имплементација
3.1. Тим
3.2. Работни пакете и постигнувања 
3.3. Ресурси
* Дел 4 и 5: Апликантите и трети страни + етика и безбедносни прашања;
  • Испраќање на аплиакцијата, регистрација во системот.
13:30-13:45 часот кафе пауза
13:45-14:45 часот
  • Финансиски правила проекти на EIC на ХЕ:
- Кога и како МСП добиваат грант од Европска комисија:
- Прифатливи трошоци и како правилно да ги пријавуваат трошоците;
- Директни и индиректни трошоци: категории на трошоци;
- Трошоци за сопственици на мали и средни претпријатија без плата, со полно 
   работно време и со скратено работно време;
- Сертификати за ревизија (ex-ante audits);
  • Дефинирање на следни чекори.
14:45-15:00 часот
  • Евалузација на семинарот и доделување на сертификати
 
Тренер/предавач на семинарот:
Зоран Стојковски  има скоро 30 годишно искуство на  работа во меѓународни и домашни развојни организации и програми, во областите на развојот меѓу кој спаѓаат и социјалното претприемништво, општествената одговорност на претријатијата и иновацискиот менаџмент. Од почетокот на 2015 Зоран ја води Проефект Иново, консалтинг кој обезбедуваат поддршка за развој на предлог-проекти за грантови за своите клиенти и поддршка во спероведувањето на добиените предлог проекти и буџети. Во своето портфолио има и над 25 проекти од областа на иновациите и креативни решенија за мали и средни претријатија. Зоран поседува магистерски сертификат од областа на развојните студии на Лондон Метрополитен Универзитетот од Лондон, и меѓународно сертифициран менаџмемнт консултант (CMC).
 
Семинарот ќе биде во просториите на Стопанската комора на Северна Македонија, сала 53 на 4-ти кат. 
Тренерот на семинарот користи повеќе методи за пренсување на информациите (предавање, интерактивност, практични вежби), со што ја зголемува продуктивноста на пренсување на информациите и успешно стекнување на знаењата и личните перформанси кај учесниците.
Секој учесник добива електронски работен материјал и сертификат за присуство од страна на  Комората, како и за време на семинарот закуска, кафе и освежување на паузите. 
Котизацијата за дводневниот семинар по учесник изнесува  изнесува 7.080 деанари (6000 ден. + 18% ДДВ); 
Доколку се пријават тројца или  повеќе учесници од иста компанија цената на котизација изнесува 5.900 денари (5.000 ден. + 18% ДДВ).
Котизацијата се плаќа по добиена про-фактура или фактура електронски на маил од страна на Стопанската комора на Северна Македонија. 
Пријавувањето за семинарот е со доставена пријава од Ваша страна на маил во Стопанската комора.

 


Контакт лица:

 м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова

 ++ 389 2 3244074

м-р Анита Митревска
 ++ 389 2 3244057

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015