„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Семинар

Еднодневна специјалистичка обука на тема: КАКО ЕФЕКТИВНО ДА СЕ УПРАВУВА СО ПРОЦЕСОТ НА ПРОДАЖБА И УСПЕШНО ДА СЕ ЗАКЛУЧИ ПРОДАЖБАТА ВО НОВИ ОКОЛНОСТИ (КАКО РАЗМИСЛУВААТ И КУПУВААТ ПРИПАДНИЦИТЕ НА НОВАТА Z ГЕНЕРАЦИ

13.11.2024 - 10.12.2024 , Семинар

Стопанска комора на Северна Македонија, сала 4 на 5-ти кат

Стопанската комора на Северна Македонија во соработка со D.R Gilbert Centar Group ДОО Белград, Р.Србија, на 10 декември 2024 година, организира еднодневна специјалистичка обука на тема:  Како ефективно да се управува со процесот на продажба и успешно да се заклучи продажбата во нови околности (како размислуваат и купуваат припадниците на новата Z генерација).

За кого е наменета обуката?

Специјалистичката обука е наменета за топ менаџери, директори и раководители од сите нивоа и сектори во организацијата кои се задолжени за продажба (набавка, дистрибуција, логистика), менаџери и вработени во секторите за продажба, како и за други лица кои сакаат да ги зголемат своите продажни вештини.

ПРОГРАМА:

МОДУЛ 1. Како да креираме иновативен и автентичен пристап во продажниот процес?

1.1. Запознавање со агендата и целите на обуката;

1.2 .Старите модели за продажба даваат се помали резултати;

1.3. Како да создадеме додадена вредност за клиентот во продажбата;

1.4. 4 видови на продавачи во процесот на продажба;

1.5. 4 клучни фази од процесот на продажба при директна комуникација и како да се извршат.

МОДУЛ 2. Како ефективно да се воспостави мост на доверба и успешно да се презентираат решенија?

2.1. Како ефективно да се оствари првиот контакт (4 елементи на мостот на доверба);

2.2. Активното слушање на соговорникот, води до подобро препознавање на потребите;

2.3. Како да ги направиме нашите производи одлични решенија за клиентите?

2.4 Употреба на К-П-К-О техниката (карактеристичка-предност-корист-осетливост/чуство?

МОДУЛ 3. Како ефикасно да се управува со приговорите, да се продолжи со преговорт и да се затвори продажба?

3.1. Ефективни техники за решавање на жалби и практични техники за продажба;

3.2 Како успешно да се надминат приговорите поврзани со цената на понудата?

3.3. Способност да се затвори продажбата во согласност на купувачот;

3.4. Ефективна презентација на аргументи без да ги иритирате клиентите.

МОДУЛ 4. Како размислуваат и купуваат припадниците на новата Z генерација?

4.1. Клучни карактеристики на потрошувачите од генерацијата Z;

4.2. Кои се нивните мотиви за купување?

4.3. Три цели кои ги имаме при продажбата на генерацијата Z.

Евалуација на специјалистичката обука и доделување сертификати.
 
Предавач:


Драгиша Ристовски (D.R. Gilbert) е еден од највлијателните и најплодните автори и тренери на теми поврзани со едукација и равој на човечки ресурси. Под псевдонимот D.R. Gilbert се објавени 23 книги (со дополнителни изданија) кои се преведени на шест јазици и пласирани преку 200.000 примероци. Во својата кариера имал прилика да одржи повеќе од 3000 обуки, семинари, работилници и конференциски настапи на кои земале учество преку 2500 компании, микро, мали и средни претпријатија од сите индустрии од десетина држави.
Има 30 години искуство во реалниот сектор од извршителски до топ менаџерски функции. Негови експертизи се областите лидерство, продажни вештини, преговарање и мотивација на вработените, а предавањата се на автентичен, исклучително енергичен начин со што константно ги мотивира и охрабрува слушателите.

 Основач е и сопственик на D.R. Gilbert centar group во кој контекст работат и:
* Академија за бизнис знаење и вештини D.R. Gilbert со 8 студиски програми;
* Агенција за човечки ресурси HR Professional Solution;
* Издавачка куќа D.R. Gilbert books;
* D.R. Gilbert Consulting и тренинг;
* Бизнис апликација Take It;
* Конференциски бренд „Poslovanje sa svrhom“
* Во 2022 година отвара свое преставништво во Ровињ, Р.Хрватска.

 

Семинарот ќе биде во просториите на Стопанската комора на Северна Македонија, сала 4 на 5-ти кат.

Тренерот на семинарот користи повеќе методи за пренсување на информациите (предавање, интерактивност, практични вежби), со што ја зголемува продуктивноста на пренсување на информациите и успешно стекнување на знаењата и личните перформанси кај учесниците.

Секој учесник добива електронски работен материјал и сертификат за присуство од страна на D.R Gilbert Centar Group DOO од Белград, Р.Србија, како и за време на семинарот закуска, кафе и освежување на паузите.

Коотизацијата за специјалистичкиот еднодневен семинар по учесник изнесува изнесува 9.584 деанари (8.122 ден. + 18% ДДВ) или 131 евра + 18%ДДВ;

Доколку се пријават три или четири учесника од иста компанија цената на котизација изнесува 8.267 денари (7.006 ден. + 18% ДДВ) или 113 евра + 18%ДДВ и ако се 5 или повеќе учесници од иста компанија изнесува 7.535 денари (6,386 ден. + 18%ДДВ) или 103 евра 18%ДДВ.

Котизацијата се плаќа по добиена про-фактура или фактура електронски на маил од страна на Стопанската комора на Северна Македонија или на D.R Gilbert Centar Group DOO од Белград.

Пријавувањето за семинарот е со доставена пријава од Ваша страна на маил во Стопанската комора или во D.R Gilbert Centar Group DOO од Белград.

Работен јазик и материјали: српски јазик.
Последен рок за пријавување е 05.12.2024 година.

 


Контакт лица:

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова,   

телефон: 070 239 637         

Календар на настани